Мицкоски го предложи, Панчевски ја прифати поканата да биде на чело на СЈО
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2019
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера го предложи поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, да биде нов шеф на Специјалното јавно обвинителство, а тој денеска ја прифати поканата.
„Едните се за, другите се против, предлогот е добар само доколку зад тоа стои народот на јавни и непосредни избори, само тогаш ќе има гаранции за еднаква правда за сите!“ напиша Панчевски на својот профил на Фејсбук.
Панчевски во моментов е суспендиран од работа поради злоупотреби на АКМИС системот и манипулирање со делегирањето на судии во случаите на СЈО.
Мицкоски вчера коментирајќи го предлогот Вилма Русковска од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција да биде на чело на ова обвинителство даде и свој предлог.- Вториот дел од мојот одговор е таканаречениот репрезент на Рускоска обвинителството.
Тоа е исто како сега ние да предложиме човек кој навистина има репутација и
кредибилитет, кој е биран со години за најдобар меѓу луѓето кои се репрезенти во таа
фела. Тоа е господинот Владимир Панчевски. Зошто тоа да не е човекот кој ќе го води тоа
одделение или обвинителство, рече во една прилика Мицкоски.