31 Јули, 2024
0.0273

МИЦКОСКИ: Има индиции дека дел од пожарите се намерно подметнати

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Според премиерот Христијан Мицкоски, има индиции дека дел од пожарите се намерно подметнати.

„Имаме доволен број на пожарникари и доволен број припадници на Армијата и на МВР за да се справиме со пожарите, иако станува збор за огнена стихија која е на својот историски пик. Само вчера имавме 66 активни пожари на отворено, 40 успеавме успешно да ги изгасиме. Имајќи ја предвид температурата која што следи, ќе продолжиме со ваквите предизвици да се бориме и во август“, изјави  Мицкоски.

Мицкоски рече дека вчера имало историски незапаметен број на пожари на отворено - 66 и информира дека според информациите од МВР, постои основано сомневање дека причина за овие пожари во голема мера е невнимателност, а во голема мера е и намера истите да се предизвикаат.

Пожари има во Пехчево, Старо Нагоричане каде пожарот се движи кон селата Малотино, Враготурце и Жегљане. Пожарот на територијата на Кратово кај селото Татомир се шири кон општина Куманово и општина Свети Николе. Понатаму општина Македонски Брод 1 - селата Тажево, Брезница, кракот кон Јасен, општина Свети Николе кај селата Макреш, Горно и Долно Ѓуѓанци, Строиманци и Ранченци. Активен е и вториот пожар кај Свети Николе над селата Ерџелија, Немањци и Малино.

Помош стига од Србија, Чешка, Германија, а ќе помогне и Унгарија. 

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски најави дека МВР ќе преземе жестоки мерки кон секое лице кое намерно предизвикало пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Општество кое не се менува е всушност лешина која се распаѓа

НАЈЧЕВСКА: Општество кое не се менува е всушност лешина која се распаѓа

ВДИШАЛ ЧАД: Пожарникар од Штип заврши во болница

ВДИШАЛ ЧАД: Пожарникар од Штип заврши во болница

СИЈАРТО ЌЕ ПРАТИ ВОЗИЛА: Употреби термин „северномакедонски пријатели“

СИЈАРТО ЌЕ ПРАТИ ВОЗИЛА: Употреби термин „северномакедонски пријатели“

ПОЛИЦИЈАТА Е НА ТЕРЕН: Приведени се повеќе лица кои подметнале пожар

ПОЛИЦИЈАТА Е НА ТЕРЕН: Приведени се повеќе лица кои подметнале пожар

СЕ ЗДОБИЛЕ СО ПОВРЕДИ: Пожарникари се превртеле со возилото при гаснење на пожар во Oрел

СЕ ЗДОБИЛЕ СО ПОВРЕДИ: Пожарникари се превртеле со возилото при гаснење на пожар во Oрел

„ТАКА ШТЕДАТ ДЕСНИЧАРИТЕ“: Власта крати пари од лицата со инвалидитет додека коленичи кај олигарсите, реагира остро Апасиев

„ТАКА ШТЕДАТ ДЕСНИЧАРИТЕ“: Власта крати пари од лицата со инвалидитет додека коленичи кај олигарсите, реагира остро Апасиев

И ХУМАНИТАРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОТЕЦ ОЛИВЕР СО ПОМОШ ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ И ДОБРОВОЛЦИТЕ: „Добивме многу загрижувачки информации од Пехчево“

И ХУМАНИТАРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОТЕЦ ОЛИВЕР СО ПОМОШ ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ И ДОБРОВОЛЦИТЕ: „Добивме многу загрижувачки информации од Пехчево“

ПОМОШ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ ПРИСТИГНА ОД СРБИЈА, СЕ ОЧЕКУВА ОД ЧЕШКА И ГЕРМАНИЈА: Ангелов апелира граѓаните сами да не се вклучуваат

ПОМОШ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ ПРИСТИГНА ОД СРБИЈА, СЕ ОЧЕКУВА ОД ЧЕШКА И ГЕРМАНИЈА: Ангелов апелира граѓаните сами да не се вклучуваат

КОМПЛЕКСОТ „СВЕТИ НАУМ“ ВО ОХРИД ДЕНЕСКА ЌЕ „ВРИЕ“ ОД ВОЈСКА И ПОЛИЦИЈА - еве кои се причините и што треба да правите

КОМПЛЕКСОТ „СВЕТИ НАУМ“ ВО ОХРИД ДЕНЕСКА ЌЕ „ВРИЕ“ ОД ВОЈСКА И ПОЛИЦИЈА - еве кои се причините и што треба да правите