05 Декември, 2025
0.1233

БРАВО, БРАВО, БРАВО, ЗАТОА СЕ „ИСПОТЕПАА“ ИНВЕСТИТОРИТЕ - Комерцијална банка држи лекции, чист профит близу 50 милиони евра за шест месеци

Објавено во: Финансии 31 Јули, 2024 15:40

Добивај вести на Viber

Сите го очекуваа со нетрпение, а резултатот не само што ги оправда очекувањата, туку и повеќе од тоа. Односно, сите инвеститори кои драматично купуваа акции на Комерцијална банка во изминатиот период, имало и зошто го правеле тоа, бидејќи банката е екстра, екстра профиотабилна.

Или, конечно да преминеме на главното, Комерцијална банка за само шест месеци од годинава, оствари чист профит од над 46 милиони евра. Односно, ако ваквото успешно работење продолжи, ќе се доближи до стотката или 100 милиони евра до крајот на годинава. Финансиски резултат каков што не е виден досега и кој покажува дека менаџментот на банката знае што прави и каде ја води најголемата домашна финансиска институција.

А, само колку за споредба, во однос на истиот период лани, Комерцијална банка има зголемување на добивката за 42 проценти. 

„Во периодот од 01.01-30.06.2024 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 2.844,6 милиони денари (46,3 милиони евра -н.з.) наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 2.003,3 милиони денари, што претставува зголемување за 42 отсто“, напишале од банката во своето образложение. 

Додаваат дека планираната бруто-добивка за првата половина од 2024 година е остварена со 134,4  отсто, а притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 46 отсто поголема во однос на истиот период минатата година. 

Од банката децидно ги наведуваат причините за нивната зголемена добивка, а тоа се останатите приходи од дејноста, како и зголемените нето приходи од камата, но и поради продажба на преземен имот, а тука станува збор за имотот на некогашен ФЕНИ, кој го купи турската компанија Јилдирим, за 36 милиони евра. 

„Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемените останати приходи од дејноста и зголемените нето приходи од камата, а во помал дел и поради зголемените нето приходи од провизии и нето приходи од тргување. Позначителното зголемување на останатите приходи од дејноста во споредба со истиот период минатата година е резултат на зголемените приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот“, се вели во образложението. 

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 4.503,8 милиони денари, односно над 73 милиони евра, и тие бележат зголемување од 36,5 отсто во однос на истиот период од минатата година. 

„Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.06.2024 година истите бележат зголемување од 22,2 отсто во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е исполнет со 113 отсто. Приходите по основ на камата се зголемени за 27,6 отсто, и тоа кај сите категории на клиенти: кај секторот финансиски друштва поради зголемените каматни стапки на благајничките записи и на депозитите пласирани во НБРСМ1, кај секторот држава како резултат на зголеменото вложување во државни хартии од вредност со зголемени каматни стапки, кај нефинансиските друштва поради зголемени пласмани, кај домаќинствата поради зголемени пласмани и кај нерезидентите поради зголемени пласмани во странски банки и зголемени каматни стапки.

Расходите по основ на камaта се зголемени за 90,5 отсто поради зголемените орочени депозити и зголемените пасивни каматни стапки споредено со истиот период минатата година. 

Нето-каматната маржа на ниво на Банката се зголеми од 3,43 отсто заклучно со крајот на првото полугодие од минатата година, на 3,88 отсто со 30.06.2024 година. 

Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.06.2024 година изнесуваат 611,8 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 13,7 отсто во најголем дел како резултат на зголемениот обем на активности особено во делот на работењето со картички. Планот за анализираниот период е остварен со 111,2 проценти.

Од банката нагласуваат и дека нето приходите од курсни разлики биле 180,4 милиони денари и бележат незначително намалување од 0,6 отсто во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е остварен со 110,7 отсто. 

Останатите приходи од работењето на Банката на 30.06.2024 година изнесуваат 731,8 милиони денари и бележат зголемување за повеќе од 4 пати во однос на истиот период минатата година што речиси целосно е резултат на значително зголемените приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. 

Во рамки на приходите од продажба на преземен имот и опрема најголемо учество имаат приходите од продажба на преземен имот од должниците Еуроникел Индустри ДОО с.Возарци, Кавадарци и Нова Рефрактори ДОО Пехчево евидентирани во месец април 2024 година. Планот е остварен со 195,7 проценти. 

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.06.2024 година изнесуваат 1.186,7 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 15,4 отсто во најголем дел како резултат на зголемените останати расходи, а во помал обем и поради зголемениот износ на плати и други трошоци за вработените и зголемената амортизација. 

„Позначителното зголемување на останатите расходи се однесува на расходите за преземени објекти, пред сѐ за преземениот имот од клиентот Еуроникел Индустри Кавадарци, со цел одржување на комбинатот во добра состојба за безбедно и ефикасно рестартирање на производниот процес. Планот е остварен со 106,9  отсто. Во периодот од 01.01-30.06.2024 година, Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 3,1 милион денари, односно 20 отсто од нето вредноста на преземениот имот во согласност со регулативата од НБРСМ“, објаснуваат од банката. 

Додаваат и дека банката прокнижила исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 469,4 милиони денари, наспроти 266,8 милиони денари во истиот период минатата година.

„Зголемувањето кај исправката на вредност на финансиските средства се должи на одобрувањето нови кредитни изложености на правни лица, промената на ризичната категорија кај одредени клиенти, како и заради стапување во сила на новата Одлука за управување со кредитен ризик која пропишува нови построги услови за преминување на побарувањата во нефункционалност и за враќање во редовен статус“, потенцираат од Комерцијална банка. 

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката