20 Мај, 2024
0.0404

Mицкоски: Итно распуштање на Парламентот и организирање предвремени избори

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва побара итно распуштање на Парламентот и организирање предвремени избори.

Овој став е реафирмиран на средба со партиите во опозиционата коалиција.

„Претставниците на политичките партии на коалицијата „За подобра Македонија" го осудија чинот на уцени, на закани, на притисоци, на тргување со правото и правдината во врска со уставните промени за остварување на политички цели на кои македонската јавност беше сведок“, изјави вечерва Мицкоски по состанокот на коалицијата.

Тој додаде дека на состанокот e изразена загриженост и за законските измени што се однесуваат на Законот за двојазичност, оној чин каде што на еден полушверцерски начин во доцните вечерни часови беше потпишан указот без потпис на претседателот на државата и истиот следниот ден веќе беше однесен во Службен весник каде што директорот противправно, без потпис на претседателот го објави во „Службен весник“.

„И тука уште еднаш би сакал да потсетам, а од страна на претставниците на политичките партии кои се дел од коалицијата „За подобра Македонија“ изразија поддршка и согласност со тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно го кажа дека е извршен атентат практично на Република Македонија. И изразија поддршка во намерата на ВМРО-ДПМНЕ да се поднесат кривични пријави против сторителите на ова противуставно, противзаконско и противделовничко практично дејствување од страна на парламентарното мнозинство на Зоран Заев и Талат Џафери. Сите изразија и поддршка за поднесување на претставка до Уставниот суд за оценување на уставноста на овој закон“, изјави  Мицкоски.

Вели дека претставниците на коалицијата се согласни со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори, за да можат граѓаните на одлучат дали се за понижена и омаловажена Северна Македонија или се за горда и достоинствена Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража