18 Мај, 2024
0.0292

Мицкоски на Фејсбук: Црн ден за македонската економија

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Уште еден црн ден за македонската економија, повисоки даноци од Владата кои удираат по стопанството и граѓанитe. Оваа криминална влада за да го покрие украденото, и да ги пополни дупките во буџетот се одлучи да посегне по граѓаните зголемувајќи ги давачките – напиша на својата фејсбук фан страница лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Неговата реакција доаѓа по одлуката на Владата за прогресивно покачување на даноците. Тој вели за да има доволно пари за тендери за цвеќиња од 650 илјади евра, за криминални иновации и за тендери во здравството кои се префрлаат од ќерката директор на таткото бизнисмен, мора да се покрие од парите од граѓаните.

-Ова несомнено може да предизвика и поскапување на цените во стопанството. Рамиот данок беше воведен со причина, Македонија од земја со најниски даноци во Европа станува земја со зголемени даноци и дополнително неатрактивна за инвестирање. Додека го менуваат името, криминалот цвета, матните бизиси енормно растат, проекти нема, инвестициите се на минимално ниво, ветувањата не се остваруваат, а цехот за целата неспособност на крими Владата на Заев треба да ја платат граѓаните. Неморално, неоправдано, недозволиво. Владата покрај политичкиот хорор, приредува и економски ужас. Тоа мора да престане, а Македонија со здрави политики да тргне напред –  напиша Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра