Мицкоски не отиде на информативен разговор во полиција, го испратил адвокатот
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2020
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска не се јавил во полициската станица во „Беко“ во Скопје на информативен разговор, а наместо тоа, отишол неговиот адвокат, објави Локално.
Мицкоски ја примил поканата уште во четвртокот, но испратил одговор дека не може да дојде затоа што имал обврски околу предвремените парламентарни избори.
Лидерот на најголемата опозициска партија е повикан од полицијата поради случајот со Државниот пазарен инспекторат, кога беше затекнат како седи во внатрешноста на една од кафеаните на Боемска улица во Скопје, по што настана метеж помежу вработените, инспекторите и полициските службеници.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.