Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2025 12:43
Имаме партии кои ги напуштија постулатите врз кои почиваат, кои велеа дека не им прилега да се патриотски, кои всушност своето минатио и придобивки ги потчинија на поединечните интереси. Тие сега се борат за опстанок. Велат мудриот човек учи од туѓите грешки, а ова е добра лекција за секој политичар. И ние како партија сме минували низ многу големи победи но и порази. Сме биле на тест при важни одлуки. Некогаш сме носеле исправни одлуки, а некогаш тие и не биле вистинскиот чекор кој се очекувал. За сите мои одлуки спремен сум да разговарам, но за одлуките на моите претходници, оставам да цени историјата, граѓаните и идните генерации. И секогаш кога ги цените нивните одлуки, имајте во предвид времето и околностите во кои тие се носеле, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски на конгресот во Кавадарци.
„ВМРО во својот код секогаш постоело и постои за една цел, а тоа е Македонија. Во овие години на искушенија, тишини, неправди, надежи и нови почетоци, научивме нешто што секоја нација мора да го научи ако сака да опстане, дека државата не се гради со зборови, туку со карактер, дека иднината не ја носат храбрите говори, туку храбрите одлуки и дека во некој момент на секоја генерација постои момент кога историјата престанува да биде учебник и станува обврска. Пред нас е точно тој момент. Денес тука не зборуваме само за програми, туку за нешто поголемо - за обновата на македонската самодоверба. За враќање на чувството дека оваа земја не е случајност, туку наследство. Не е експеримент, туку победено право. Не е компромис, туку завет од генерации кои се бореле да постоиме ние. Нашиот повик денес е повисок од политиката - да престанеме да бидеме публика во сопствената држава“, вели Мицкоски.
Ја презентираше и визијата за Македонија 2030, која според него е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава со економија што расте со знаење и труд, со институции што опстојуваат над политичките циклуси, со самосвесен национален идентитет, зелен и технолошки развој и општество што верува во заедничката иднина.
„Оваа визија не е декларација, туку рамка за политичко дејствување. Бара сериозна, континуирана политика, спремна да ја стави државата пред дневната добивка. Во следните години ќе се мери и зрелоста на државата. Периодот 2025-2030 година е стратешка раскрсница на државата. Во свет на променети геополитички рамнотежи, нови економски модели и еволуирани демократски стандарди, Македонија може да напредува само ако има политичка сила што води со јасна визија и чувство за историскиот момент. ВМРО-ДПМНЕ како голем носител на државата ја презема таа улога, со целосна свест за одговорноста која ја носи секој следен чекор. Партијата влегва во новата декада со уверување дека политичката зрелост не се мери со реторика, туку со способност да се тресира правец што ја штити државата денес и ја јакне утре“, посочи Мицкоски.
Според него, Македонија е држава изградена врз европските вредности и затоа нејзиното место е природно поврзано со евроатлантското семејство.
„Но, нејзината интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање и безусловна зависност. Малата држава може да биде силна држава ако има самодоверба, чувство за сопствена тежина и јасен став за нејзините интереси. Македонија мора да каже „да“ кога тоа е во нејзина корист, но и да каже „не“ кога се нарушуваат нејзините принципи, достоинство или идентитет. Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер.
Додаде дека ова е само почеток на еден нов политички модел.
„На една нова линија на одговорност и државност. На една Македонија што не се извинува што постои, туку самоуверено ја гради својата позиција во Европа и светот. Не сме тука да ја наследиме тишината, туку да создадеме поколение што нема да живее во страв, туку во можности. Нека биде јасно, нема да биде лесно и ќе има моменти кога патот ќе биде тежок и полн со искушенија“, додаде Мицкоски.
Вели дека државата е млада, изложена на историски искушенија и често со обиди за релативизирање на нејзиното постоење.
„ВМРО-ДПМНЕ ја поставува следната стратегиска линија: Националниот идентитет не е предмет на преговори. Почитта кон другите идентитети е вредност, но не на сметка на сопствениот. Јазикот, историјата и културата се фундаментални државни столбови. Компромисите во меѓународната политика може да бидат технички, но не суштински. Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниски плати, евтина работна сила и ограничено производство. До 2030 година, Македонија мора да направи структурен премин од економија на евтина продукција до економија на знаење, високи компетенции и додадена вредност. Економската сила ја определува државната сила. Затоа Македонија мора да премине кон економија која ќе се темели на знаење, технологија и иновации. Овој премин бара системски реформски циклус во повеќе области“, вели Мицкоски.
Вели дека модерната европа не е географија, туку вредност, а напредокот не доаѓа од оние што чекаат, туку од оние што го создаваат.
„Никој од надвор нема да ни ја изгради државаа, ниту ќе ни ја заштити историјата и напише визијата. Тоа е наша цел, должност и наша генерациска мисија. А ако нешто научивме во овие години, тоа е дека Македонија не паѓа кога е тешко, паѓа кога се откажува. Денес одбиваме да се откажеме, одбиваме да ја прифатиме идејата дека малата држава мора да има мали амбиции. Одбиваме да веруваме дека нашите деца треба да си заминат од овде за да успеат. Дека Македонија е премногу мала големи работи. Напротив, Македонија е доволно голема колку што е голема нашата волја да ја направиме подобра. И денес таа волја постои, посилна е од било кога“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски додава дека државата може, знае и ќе успее.
„Целта на ова мое обраќање е да говорам за новото поглавје, стратегија, Македонија 2030, пропратено со нова парадигма, идеолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните. Се работи за визија која треба да ја гради државата за генерацијата која доаѓа. По 2021 година, во овој четиригодишен период победивме на претседателските и парламентарните избори, да ја водиме државата. Овој конгрес доаѓа по убедливата победа на локалните избори. Сите овие победи му припаѓаат на секој еден член, секој еден човек кој дал влог за нашата партија. Но овие победи за мене се и одговорност - не само да се води државата, но и точно да се трасира патот, каде треба да се движи во периодог кој доаѓа“, додаде Мицкоски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен
Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец
Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ
И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното
ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција
СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери
„ЕСТАБЛИШМЕНТОТ Е ЗАГЛАВЕН ВО БЈРМ-ОВСКА ЗАВИСНОСТ ОД СРПСКО-РУСКИОТ СВЕТ“: Величковски вели дека Македонија е пред избор: ЕУ или изолација
ВМРО-ДПМНЕ НА КОНГРЕС: Мицкоски влегува во последниот мандат како лидер на партијата





