Мицкоски: Пред следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе во преодната влада
Објавено во: Македонија 04 Април, 2018 08:14
Христијан Мицкоски во вчерашното гостување на Топ Тема не кажа многу нови работи за начинот на кој дејствува неговата партија, освен што го погоди клучниот момент со кој опозицијата може да се надева на поеднаков третман со власта, а тоа е искористување на сите политички придобивки кои беа договорени во Пржино.
Така ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија се надева дека ќе ги активира истите принципи кои ги искористи СДСМ за да може да влезе во преодната влада пред да се одржат наредните парламентарни избори, а на 100 дена пред нив премиерот Заев да си поднесе оставка како гарантиран принцип за секоја власт.
-100 дена пред новите предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од Влада која што ќе ги спроведе и тоа ќе биде дел од условите што ќе ги содржи новиот изборен законик. Како што тоа беше услов претходно за време на предвремените избори во 2016-та година така ќе биде и сега. Тоа го кажавме веднаш после завршувањето на локалните избори го имам повторено во најмалку 2 интервјуа и еве и сега јасно и гласно го кажувам. Како опозиција мора да се чувствуваме комотно за време на избори. Мора да имаме фер избори и нашето учество во новиот изборен законик тоа треба да го гарантира, рече Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




