Михаил Кирков нов претседател на Трговската комора при ССК
Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2013
За свој нов претседател членовите на Трговската комора при Сојузот на стопански комори денеска го избра Михаил Кирков од компанијата „Мај принт“.
Кирков на новата функција доаѓа на местото на Зоран Неделковски.
- Како повеќегодишен член на Комората, свесен сум за големата одговорност и поддршка која ми ја дадоа колегите. Се надевам дека успешно и со засилено темпо ќе ја продолжам работата. Продолжуваме со работните состаноци со државните институции, нашите управни одбори, како и вмрежување на сегашните, но и на новите членки кои сакаат да станат дел од Трговската комора, вели Кирков.
Трговската комора е една од најактивните во ССК, функционира од 2004 година и брои над 180 реномирани компании членки од повеќе дејности.
Сите членки имаат можност еднакво да ги излагаат своите специфични интереси, во Комората, во однос на државата и во странство.