Мијалков со Коневски и семејството на судење за „Тортура“
Објавено во: Македонија 08 Март, 2021
Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков од затворот Шутка денес беше донесен во судницата за случајот „Тортура“, предметот отворен за бруталното апсење на Љубе Бошкоски, претседателот на „оБединети за Македонија“.
Мијалков е во притвор скоро десет дена, пренесува Алсат, а покрај него, како сведоци денеска во судницата се присутни и неговата сопруга и двајцата синови, пренесува Алсат.
Ивица Коневски, поранешниот градоначалник на Аеродром, исто така е присутен. Тој е еден од главните иницијатори за организирање на вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ.
На денешното судење за „Тортура“, обвинетите ја даваат своја одбрана. Освен Сашо Мијалков, петмина припадници на единицата „Алфа“ се обвинети за бруталното апсење на Бошкоски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.