Мијалков станал жител на Охрид и ќе ја издржува казната затвор во Струга
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2022
Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков ја променил својата адреса на живеење, јавува Канал 5.
Според информациите на телевизијата од Кривичниот суд, по ново тој е жител на Охрид, a ќе ја издржува казната за „Империја“ во затворот во Струга.
Кривичниот суд за промената бил известен од страна на адвокатот на Мијалков, а истата доаѓа пред судот да му издаде документ со кој треба да се јави во затвор, по спогодбата што ја постигна со Обвинителството.