Добивај вести на Viber
Сопственик на еден елитен ресторан во Сицилија веќе трета година пријавувал 1 евро како годишен приход, соопшти денеска финансиската полиција во Рим. Ресторанот е лоциран во реномираниот туристички регион до Палермо и со одличната кујна и беспрекорна услуга привлекува бројни муштерии. Сопственикот има 40 годиши и вози скап мотор, како и два моќни автомобили, од кои едниот е најново Порше. И во тоа нема ништо лошо, ако финансиската полиција не го беше повикала поради фактот што веќе три години по ред, во својата даночна изјава запишува приход од само едно евро, пренесоа италијанските медиуми.
Откритието не е последица од анонимна пријава на незадоволен клиент, бидејќи сопственикот на ресторанот не само што е одржувал високи стандарди, но и редовно давал фискални сметки и фактури, кои потоа не се книжеле во сметководствената документација. Даночните полицајци го фатиле преку обична компјутерска проверка. Ревизијата утврдила дека се прикриени над 1 милион евра приход, а еден од работниците во локалот добивал плата на црно, поради што сопственикот должи уште 200 илјади евра неисплатени придонеси за социјално осигурување.
„Најверојатно тој сметал дека е доволно да пушта редовно даночна пријава и никој нема да се обрне внимание на запишаниот приход во неа, бидејќи реално таквото пронаоѓање во базата на податоци е напорна работа. Сепак нмал среќа третата година, бидејќи финансиската полиција прави прелиминарни анализи по категории. Во овој случај е извршена компјутерска проверка на 90 илјади подносители на ДДВшпријави во провинцијата Палермо, а како еден од наведените параметри се токму пријавените приходи “, изјави офицер од главната команда во Рим, каде што е инсталиран суперсилен компјутер со терминали во различни региони на Италија.
Друг начин, кој италијанските финансиски полицајци не потврдуваат, но и не негираат дека го користат, е влегувањето во посебен регистар на сите сопственици на автомобили со зафатнина на моторот над 2 илјади кубни сантиметри. Никој не ја оспорува законитоста за сопственост на моќен автомобил, но под услов да одговара на финансиските можности на сопственикот.
Сицилијанската милионер поради кривична одговорност е предаден на обвинителството во Палермо, каде веднаш е направена превентивна конфискација на движен и недвижен имот во износ што одговара на неплатените даноци.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.