03 Мај, 2024
0.0267

МИЛИОНИ ЛИ СЕ ВО ПРАШАЊЕ: Колку ќе заштедиме со ревидирањето на автопатот Кичево – Охрид?

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Од 70 до 100 милиони евра ќе се заштедат со ревидирањето на проектната и  техничка документација на автопатот Кичево – Охрид.

Ова го кажа Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев при увидот во градежните работи автопатот кој имаше сериозни потешкотии.

Анѓушев вели дека се потрошила скоро една година на средување техничка документација и неиспроектирани и незавршени проекти и се друго што не било испланирано, во смисла на клучки, тунели и регионални патишта за приклучување на населените места кон овој автопат но сепак сите проекти се доведени во доведовме во технички исправна состојба.

Додава дека ги намалиле цените меѓу кинескиот изведувач и македонските компании, разликата во цените претходно беше голема, над 50%, а сега таа е цена е намалена и ќе биде сведена на меѓународните фидик пропозиции, на околу 10%. 

Од  70 до 100 милиони евра ќе заштедиме со сите погоре спомнати нешта, ќе направиме сериозна заштеда од првичните средства кои беа побарани до конечната вредност“-кажа вицепремиерот.

„Мислам дека вредеше да се почека и овој пат да се стави и технички и финансиски во исправна состојба, да не правиме непотребни и непродуктивни трошења на средствата од граѓаните на Република Македонија. Направивме широки консултации, вклучивме широки технички и финансиски тимови, за да бидеме сигурни дека тоа што го правиме и од технички и од финансиски аспект е издржано. Со новиот пред-анекс којшто се очекува да се усвои, дефинитивно ќе се решат сите проблеми, а тоа значи дека ќе се направи јасна динамика според која ќе се врши експропријација, ќе се направи јасна динамика која ќе се стави гантограм по којшто ќе се извршуваат работите на автопатот. Тоа значи дека никој нема да ги толкува работите слободно, истите ќе се извршуваат како што налагаат фидик пропозициите и како што налагаат техничките критериуми“, дополни Анѓушев.

За директорот на Јавното претпријатие Државни патишта, Зоран Китанов автопатот сега конечно ќе овозможи нормално функционирање на меѓуградската инфраструктура, движење на граѓани со новопроектираните приклучоци за регионални и локални патишта и секако ќе значи голем бенефит за функционирањето на стопанството на државата.


Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување