26 Април, 2024
0.0292

Милорад Додик не сака граѓанска БиХ, се закани со отцепување

Објавено во: Балкан 18 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на политичката партија Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик најави преземање на нови радикални чекори во БиХ, каде владее хаос и политичка криза. 

Оваа одлука на Додик доаѓа поради тоа што Партијата за демократска акција (СДА) минатата недела на својот конгрес усвои декларација со која повикала етаблирање на Република БиХ како граѓанска држава која би била составена од региони, а не ентитети.

Декларацијата на Партијата за демократска акција Бакир Изетбеговиќ е повик за дефинитивен распад на Босна и Херцеговина зад која стои бошњачката партија, изјави  Додик, член на Претседателството на БиХ.

„Тоа што го прават е директен повик на дестабилизирање на БиХ и уривање на основните принципи. Сите ние во Република Српска одбиваме каква било можност БиХ да се одржи надвор од двата ентитета и трите конститутивни народи“ – изјави Додик за РТС.

Одговорот на Република Српска ќе биде систематичен, а на опозицијата што ја зачува власта во БиХ ќе ѝ предложи да го напушти партнерството со СДА и нема да прифати никакви разговори со најголемата партија на бошњачката заедница.

„СДА треба да се врати на изворниот Дејтонски договор. Треба да се поништат сите неправилни одлуки со кои ѝ се одзедоа овластувањата на РС. Република Српска ќе ги преземе сите мерки за да се заштити“ – порача Додик.

Партијата на Бакир Изетбеговиќ минатиот викенд усвои програмска декларација што предвидува воспоставување три нивоа на власт во БиХ, со главен град Сараево, кој е политички, административен, културен и економски центар на земјата.
Потпретседателката на ФБиХ и новоизбраната потпретседателка на СДА Мелика Махмутбеговиќ, изјави дека е зачудена од силината на нападот и застрашувачки реакции од високите претставници на српскиот ентитет.

„Сметам дека сите овие реакции и обвинувања се антидејтонски и ја уриваат државата Босна и Херцеговина и тие се непримерни, неосновани, злонамерни и тенденциозни“ – вели Махмутбеговиќ.

Таа не гледа причини за вакви реакции затоа што Програмската декларација, која е усвоена на конгресот на СДА и реформата на Уставот е идентична со претходните партиски документи од 2009 и 2015 година донесени на изминатите конгреси на партијата.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци