Милошоски, Ѓорчев, Димовски „го нападнаа“ координирано Заев во Собрание
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2019
Зоран Заев не смее да потпишува документи од министерството за финансии. Тој е единствениот премиер, со оној на Белизе, кој сака да биде и министер за финансии, рече пратеникот Антонио Милошоски на денешната собраниска седница на која треба да бидат изгласани новите министри во Владата.
Премиерот Заев, кој претходно рече дека предлогот тој да биде и министер за финансии се повлекува на барање на Комисијата за спречување на корупција, реплицираше дека поимот „Белизе“ е многу близок за ВМРО-ДПМНЕ.
„Премиерот може да влијае на политиките на сите министри. Моите политики после две години и овие економски перформанси како 26 отсто пораст на персоналниот данок треба да се менаџираат. Веројатно ви е страв дека добро ќе менаџирам“, гласеше одговророт на Заев.
По ова на собраниската говорница излезе и пратеникот Влатко Ѓорчен.
- Еден човек сака да биде и премиер у да ги води безбедносните служни и да ги раководи финансиите. Ова е „заевизам“. За еден ден распушти 70 претседатели на општинските комитети на СДСМ. Изјавите на Бранимир Јовановиќ, поранешниот советник во министерството за финансии, и Петар Атанасов, доскорешниот заменик-министер за образование, кажаа за каков деспотизам се работи, викаше Ѓорчев.
На ова Заев му одговори дека СДСМ ќе победува се додека ВМРО-ДПМНЕ прокламира национал-популистички политики.
Илија Димовски беше следен кој излезе на говорница и рече дека Заев ќе продолжи да биде неформален министер за финансии и дека е тоа поигрување со законот.
- Доколку сакате да бидете министер за финансии, повлечете се како премиер. Или пак, можеби немате способен човек кој ќе сака да раководи со финансиите, наведе Димовски.
Заев на ова наведе дека ќе раководи по овластување до назначување на друг министер.