Милошоски поддржува отпишување на функцијата на Никола Груевски
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2019
Пратеникот Антонио Милошоски го поддржува предлогот на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски за укинување на позицијата почесен претседател.
Тој вели дека предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за реформа на партискиот статут е добар предлог.
Тоа значи дека Милошоски поддржува да му се избрише позицијата на бегалецот во азил Никола Груевски.
Сепак и покрај најавите , лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски одби експлицитно да открие дали тоа се прави за партијата да се огради од политиките на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е прогласен за почесен претседател во моментов, но истовремено е пребеган азилант во Будимпешта избегнувајќи ја двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“.
Мицкоски кажа дека промената на партискиот статут е за демократизација.