07 Октомври, 2024
0.0282

Милошоски: Власта со планот Б ќе дерогира системски закон

Објавено во: Македонија 28 Август, 2019

Добивај вести на Viber


Антонио Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и учесник во работните групи за законот за јавно обвинителство, во интервју за „Фактор“ вели дека власта со најавениот план Б за СЈО кој го најави министерката за правда Рената Дескоска ќе ја направи Македонија правно несигурна земја и ќе ги урне сите европерспективи.

Ние очекуваме власта да не си игра политика туку да ги почитува уставните и правните норми кои се темел на владеењето на правото, кое е неопходен пак предуслов за државата да има барем некакви шанси да добие датум за преговори со ЕУ. Затоа, нашиот принцип е заснован на Уставот кој налага дека ниту една власт не може и не смее само врз основа на политичките интереси да дерогира системски закон како што е законот за СЈО или обвинителство кој се носи со 2/3 третинско мнозинство со друг закон за кој е предвидено помало мнозинство како што е Законот за совет на јавни обвинители. Тоа би било лош преседан кој би се повторувал на секое менување на власта што ќе има далекусежни политички последици со копирање на преседанот, но и Македонија ќе биде забележана како држава во која доминира правната несигурност. Затоа не чуди што професорка по уставно право и во моментов министерка за правда, која многу добро знае дека дерогирањето на системските закони не е дозволено го промовира ваквиот став. Тоа дури и да не се случи става темна дамка на владеење на правото, вели Милошоски во интервјуто за „Фактор“.

Во случај 80 пратеници да не гласаат за донесување на Законот за јавно обвинителство, со кој се решава и судбината на СЈО, владата решенијата за СЈО ќе ги решава преку измени на Законот за совет на обвинители кој се носи со 61 глас, најави вчера Дескоска. Таа додаде дека во Законот за советот на обвинители може да се вметнат одредби за избори и организација на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција.

Законот за јавно обвинителство вчера влезе во собраниска процедура и ќе се носи по скратена постапка, а утре е закажана седница на собраниската комисија за европски прашања. Опозицијата ќе може да влијае на неговото менување преку поднесени амандмани.


Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија