07 Октомври, 2024
0.0278

Милошоски во интервју за „Фактор“: Ќе поднесеме само 20-тина амандмани

Објавено во: Македонија 28 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Во пресрет на утрешниот старт на расправата на законот за СЈО на седницата на собраниската комисија за европски прашања, пратеникот Антонио Милошоски, кој е дел од преговарачкиот тим на опозицијата за одредување на идниот статус на ова обвинителство, во интервју за „Фактор“ вели дека неговата партија има намера да поднесе само 20-тина амандмани.

Ние во четврток ќе предложиме суштински амандмани на предлог текстот кој го доставија СДСМ и ДУИ. Нема да одиме со некаква голема бројка да решавме ситници, ние би имале отприлика дваесетина амандмани, не повеќе и сите ќе бидат суштински. Не сакаме да одиме на процентуално прифаќање на амандмани, на пример да поднесеме 100 меѓу кои и голем број технички, па потоа власта да прифати 70 и да рече еве направивме голем компромис, а сите суштински да ги отфрли. Четврток ќе биде како лахмус хартија да се покаже колку власта е подготвена на компримис во носењето на системски закон со двотретинско мнозинство кој има можност и шанса да ги надмине мандатите на следните неколку влади. Ако законот се донесе на мускули, тој ќе трае додека трае владеењето на СДСМ и по промена на власта веднаш ќе биде променет, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додава дека гласините според кои СДСМ би тргнал во лов на двотретинско мнозинство како со примерот на уставните измени допреле и до најголемата опозициска партија во Македонија.

- Има такви кулоарски дојави и гласини, дека власта ќе се обиде на поединци пратеници или на групи на пратеници да им понуди нешто, да ги награди или пак уцени, за да добие поддршка за закон кој им е важен, но со тоа само ќе покаже дека рекетарското однесување на Катица Јанева е и актуелен политички софтвер и на власта. Таквото рекетирање во Собранието веќе се случи еднаш за уставните измени и нема да има корист ниту СДСМ, ниту власта, ниту државата ако тоа тоа се повторува за донесување на секој поважен закон, додава Милошоски.


Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија