26 Април, 2024
0.0300

Милошоски: Заев ќе избрка само некој градоначалнички шофер

Објавено во: Македонија 23 Април, 2019

Добивај вести на Viber



Антонио Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев во сопствените редови е само трик за да се крене, како што смета тој, слабиот морал кај власта пред вториот круг од претседателските избори.

„Слабиот резултат предизвика разочарување и нервоза кај премиерот Заев, кој добро знае дека ваквиот лош резултат е најава дека времето на владеачката коалиција почнало да истекува. Затоа Заев се обидува да направи потег со кој би убедил што повеќе разочарани поддржувачи на владината коалиција да излезат и да го гласаат Стево. И некој го советувал “шефе, закани се со операција метла, чистка после изборите, тоа секогаш пали кај народот и членството”. И Заев прифатил да го изведе и овој трик.“, смета Милошоски.

Поранешниот министер за надворешни работи вели дека Заев ќе ги остави на мира „крупните риби“ и ќе направи само козметички промени пред јавноста.

„Но, тоа што Заев нема да поднесе предлог за ничие разрешување, само докажува дека тој повторно се обидува да ги манипулира граѓаните гледајќи ги во очи. Заев не смее ни да помисли да им удри метла на министрите Филипче и Манчевски, бидејќи ќе добие внатрепартиска “метла по нос” од крилото на Шеќеринска. Заев не смее ни да помисли да му одри метла на министерот Садула Дураку, ниту било кој директор од ДУИ бидејќи ќе добие внатре-коалициска “метла по глава” од Али Ахмети. Заев не смее да помисли да го тргне од владата министерот Асаф Адеми, затоа што “метла по грбот” ќе му удрат тројцата пратеници на Африм Гаши во Собранието.
Затоа, ОПЕРАЦИЈАТА МЕТЛА, после претседателските избори ќе заврши само со смена на шоферот на градоначалникот од Прилеп, директорот на водостопанство во Битола, директорот на комуналното во општина Дебрца и смена на Алмир Дудуш, роднината на Курто, главен раководител за спорт и образование во Шутка!“, напиша Милошоски.


Можеби ќе ве интересира

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори