Добивај вести на Viber
Царинската управа, во август оваа година, постапувајќи по констатираните неправилности, до надлежните јавни обвинителства поднела пет кривични пријави против две правни и шест физички лица.
Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Неовластено производство и промет со општоопасни материи“, „Царинска измама“, „Посебни случаи на фалсификување исправа“ и „Фалсификување исправа и поднесување лажни докази“.