Минималецот им скок на 667, а потоа и на 700 евра
Објавено во: Економија 02 Декември, 2018
Расте минималецот во Словенија.
Во 2019 година Словенија ќе ја зголеми минмалната плата на 667 евра, а во 2020 година таа ќе изнесува 700 евра.
Новиот словенечки закон за минимална плата предвидува од минималниот износ на платата да се исклучат сите додатоци, а во 2021 година таа ќе се пресметува по нова формула, по која ќе мора да биде 20 отсто повисока од минималните трошоци за живот, кои во овој момент изнесуваат 736 евра.
Минимална плата во Словенија примаат околу осум отсто од вработените на која работодавците им исплаќаат законски загарантирана минимална плата за полно работно време.
Оваа година минималецот 638 евра, односно 843 евра во бруто износ.