19 Мај, 2024
0.0300

МИНИСТЕРОТ ДО ГРАЃАНИТЕ - пријавете се за вакцина, така побрзо ќе ја надминеме пандемијата

Објавено во: Македонија 10 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку својот фејсбук-профил апелираше граѓаните да се пријават за вакцинација со цел побрзо надминување на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

„Сега е време да придонесеме за побрзо надминување на пандемијата со коронавирусот. Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет. Пријави се за вакцинација денес. 

vakcinacija.mk“, напиша на фејсбук министерот Филипче.

Денеска продолжи вакцинацијата на ткн, критична инфраструктура. Денеска на ред беа воспитувачките учителките во градинките. Од другата недела ќе се вакцинираат вработените во правосудството, медиумите, инспекциските служби и вработените на патарините.

Имунизацијата тече и во останатите вакцинални пунктови во земјава со вакцината на АстраЗенека, која што и понатаму ја примаат само лицата над 77 години. Министерот Венко Филипче на вчерашното гостување во „Само Интервју“ на Канал 5 Телевизија кажа дека е задоволен од тоа како досега функционира системот на вакцинирање.

Вакцинирањето нема да прекине, има за следните три недели со АстраЗенека. Распоредите се прават за следни недела-две, за пунктовите низ земјата и во спортската сала. Сега се вакцинираат 3.000-4000 дневно, Нашиот план е помеѓу 7,000 и 10,000 на ден – седум илјади е оптимална бројка, а 10,000 е максимална оптовареност на системот.

Од првата инјектирана вакцина во земјава до денеска се имунизирани над 21.000 граѓани, а заинтересираноста е и натаму ниска, за вакцинирање се пријавиле околу 140.000 лица. Филипче очекува ваквата слика да се промени со секоја нова пристигната пратка на вакцини. Според анализите, за колективен имунитет ќе биде потребно вакцина да примат од 60 до 70 отсто од населението, бројка од која што засега сме далеку.

Министерот во „Само интревју“ информираше дека месецов се очекува да пристигнат околу 300.000 дози. 200.000 од кинески „Синофарм“, околу 11.000 вакцини од директниот договор со „Фајзер“, 25.000 преку трипартитните договори со земјите членки на ЕУ, како и вториот дел од донацијата од Србија од 20.000 „Спутник В вакицини“. Во април треба да пристигнат и останатите 76,000 дози на АстраЗенека преку Ковакс-системот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража