Министерот Трипуновски на јавен настап го користеше терминот „Северна Македонија“
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2024
Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски беше забележан од медиумите како на вчерашната прес-конференција го користеше уставното име „Северна Македонија“.
Ова е втор член на Владата што јавно го користи уставното име од редовите на најголемиот владин коалиционен партнер, по министерката за образование и наука Весна Јаневска, која пред две недели смаата се коригираше.
„Ние сме во постојана комуникација со надлежното министерство за економија. Работиме на тоа како да во наредниот период правилно постапиме а со цел земјоделците да не бидат оштетени затоа што во минатото оштетена страна беа само земјоделците, а сите други имаа сериозен профит кој што беше на штета на граѓаните на Република Северна Македонија“, рече вчера Трипуновски.
Терминот „Северна Македонија“ тој го употреби додека зборуваше за покачувањето на цените на земјоделските производи и за тоа што Владата ќе преземе за да се намали притисокот од високите цени.
Засега премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска Давкова остануваат на ставот во јавните настапи на домашен терен да го користат старото име Република Македонија или само Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.