25 Ноември, 2024
0.0271

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, УКИНУВАЊЕ НА ДАВАЧКАТА ЗА ПРИСТАП ДО МРЕЖА - еве какви новини најавуваат од ВМРО

Објавено во: Македонија 24 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Министерство за енергетика, укунување на давачката за пристап до мрежа, завршување на автопатот Скопје - Блаце се дел од новините кои ВМРО-ДПМНЕ ги најави во рамки на излагањата на свои членови кои го презентираат нивната програмата „Платформа #1198“. 

Сања Божиновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата изјави дека иако во министерството за економија постои сектор енергетика, не е функционален, немаме изградени нови енергетски капацитети и затоа во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е предвидено формирање на ново министерство за енергетика и минерални суровини со истакнати кадри и носители на стратешките проекти.

Ова министерство ќе соработува со најголемата компанија ЕСМ. Понатаму ВМРО-ДПМНЕ планира да ја намали зависноста од увоз на електрична енергија, Македонија мора сама да изгради енергетски капацитети за да имаме континуирано и одржливо производство на електрична енергија. Планираме модернизација на РЕК Битола, како и изградба на две когенеративни централи за гас, што значи во исто време ќе се снабдуваме и со топлинска и со електрична енергија, а предвидена е и гасификација. Од обновливите извори има план за изградба на ветерни паркови - потенцираше Божиновска.

Елена Маркова истакна дека во изминатите години, ВМРО-ДПМНЕ интензивно работеше за да изготви програма за развој на енергетиката која што ќе значи развиена енергетика која после тоа ќе повлече и развиена економија на државата, посочувајќи дека првата работа на која што ВМРО-ДПМНЕ детално ќе посвети внимание е јакнење на енергетскиот сектор, посебно на компаниите во државна сопственост.

Се обврзуваме дека прво што ќе направиме ќе ја укинеме онаа давачка од 200 денари за пристап на мрежа, која што е незаконска и е воведена од власта во заминување, на почетокот од оваа година. Верувам дека со ова значително ќе се подобри домашниот буџет на секое домаќинство. Се обврзуваме дека ќе изградиме државни енергетски капацитети за производство на електрична енергија. 

Втора многу важна работа, се обврзуваме дека ќе ја модернизираме РЕК Битола, кој што е постоен капацитет и кој што во последните години беше заборавен и ставен на маргините како извор криминални тендери. Нашата цел е РЕК Битола и технички и технолошки да го модернизираме, да ги подобриме перформансите на производство, меѓутоа и да го намалиме загадувањето. Исто така, планираме отворање на рудникот Живојно со вел, додека е технолошкиот векот на траење на оваа постројка, да може да користиме наш домашен јаглен, кој што е со извонреден квалитет, со оглед на техничките перформанси на постројката. 

Се обврзуваме да го модернизираме и ТЕЦ Осломеј за што, уште во првите сто дена ќе одлучиме на кој начин, дали ќе премине како постројка на гас, дали ќе работи на домашниот јаглен или пак ќе работи на увозен јаглен - истакна Маркова која додаде дека одржливата, базна и домашна енергија ќе биде приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски рече дека ВМРО-ДПМНЕ ветува 1198 реални проекти, а не како Владата на СДС и ДУИ само да лаже. Според него тоа беше Влада на лаги, Влада која не направи ни еден километар автопат, а ветуваше илјада километри автопат.

- Јас на почеток уште реков дека ова ќе биде ќе влада и таква се покажа. За седум години немаат еден километар автопат, се мачат со патот на потегот Скопје – Блаце, а тој е само два километри. Потрошија 300 милиони евра за автопати, а нема ништо. Нивната програма пак ќе биде лажење, а нашата се 1198 проекти кои се реалност. Ние секоја година ќе инвестираме 250 милиони евра или за 4 години милијарда за општините. Тоа се пари за училишта, градинки, улици, паркови. ВМРО-ДПМНЕ е бренд за проекти. Мора да работиме и да кажеме дека Европа се носи дома со правење улици, со достапност на вода за сите и многу други работи за граѓаните. Сплотени ќе направиме историја. Можеме со работа да стигнеме во Европа, а не како овие со лажење и крадење - кажа Мисајловски.

- Ќе го завршиме и Скопје – Блаце, два километри кои што единствено ги почнаа и седум години не го направија автопатот. Ќе го направиме и автопатот од Кичево – Букојчани, бидејќи е предвидено да има автопат Гостивар – Букојчани, и би сакале да го поврземе тој регион до Охрид. Ќе инвестираме многу и во Пелагонискиот дел на Македонија, таму каде што со години и со децении досега можам да кажам дека е прилично запоставено - вети Синиша Ивановски, претседател на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт.

Ивановски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе започне со еден друг пристап. ВМРО-ДПМНЕ нема да ветува бројки, туку ќе започне домаќински, прво да се заврши она што го започна, а го започна Кичево – Охрид. И ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши тој автопат, бидејќи оваа актуелна власт не беше способна. Рокот со кој се обврзува ВМРО-ДПМНЕ е крајот 2026-тата година.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ