29 Април, 2024
0.0269

Министерство за одбрана: Јолевски ги нарача морските плодови

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Невкусно е што ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста со набавки за кои знае дека ги потпишал нивниот поранешен министер Зоран Јолевски, а ја обвинува актуелната министерка Радмила Шекеринска, реагира Министерството за одбрана. 

„Ова го прават во обид да прикријат она што се обелодени - дека нивните функционери во МО ги трошеле службените картички за свои луксузи во огромни износи на штета на војската и државата, дека има дупка од 300.000 евра невратени аванси од соработниците на Јолевски, меѓу кои само еден зел аванс од 5.000 евра непосредно пред промената на власта, да ги прикријат бројните злоупотреби на парите кои можеле да се искористат за подобрување на условите и опременоста на Армијата“, се наведува во реакцијата на МО.

Министерството ги детектирало сите злоупотреби кои се вршеле за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога Министерството било користено како што велат оттаму, како мини банка за потребите на неколкумина функционери кои тие пари ќе мора да ги вратат.

„Она што ВМРО-ДПМНЕ го нарекува набавка на морски плодови е набавка потпишана во јануари 2017 од Јолевски и во најголем дел опфаќа набавка на риба за потребите на Армијата и дел – набавка на риба и морски плодови за угостителските објекти, на барање на Секторот за услуги, туризам, одржување, возен парк и обезбедување. Станува збор за угостителски објекти од отворен тип, што значи дека набавените риби и морски плодови се наменети за продажба“, се појаснува во реакцијата на министерството.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи