13 Мај, 2024
0.0241

Министерство за здравство: Ниту некого можеме да амнестираме, ниту некого да осудиме!

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство реагира на текстот на Фактор за Битолската болница. Еве што се вели во соопштението на Министерството: „Во врска со наводите изкажани во текст објавен на порталот „Фактор" од 12 ноември 2013 година, под наслов „Пациент умре од грешна инфузија, а министерот Тодоров го амнестираше менаџментот, Министерството за здравство на прво место би сакало да го оцени текстот како тенденциозен и без поткрепа на заклучоците изведени во него. Имено, за првиот случај каде што на пациент согласно наводите во кривичната пријава му е дадено средство за дезинфекција место инфузија, поднесена е кривична пријава до Јавното Обвинителство од страна на Министерството за внатрешни работи по член 126 од Кривичниот Законик на Република Македониа за сторено кривично дело „убиство од небрежност“. Потенцираме дека постапувањето во случаите кога постои сомневање за извршено кривично дело не е во надлежност на Министерството за здравство, туку на судот и истражните органи. Министерството за здравство во интерс на вистината и правдата во овој случај бара да се спроведе постапка согласно закон и да се утврди дали постои вина, а ако се утврди постоење на вина, да се изрече казна во согласност со Закон. Министерството за здравство, веднаш по добиените сознанија за останатите три слуачи, направи увид во Клиничката болнца Битола, со експерти од терциерно ниво на здравствена заштита и тоа од областите судска медицина, анестезија и реанимација, гастроентерохепатологија, неврологија, фармакологија, како и со инспектори од Бирото за лекови и Државениот санитарен и здравстен инспекторат. Од страна на докторите од универзитетските клиники беше утврдено дека последните три пациенти починале од различни причини и за истите било се превземено по протоколите и процедурите согласно медицина базирана на докази. Јасно е дека Министерството за здравство никого не може да амнестира, исто како што не може да осуди некого и да го прогласи за виновен. Би сакале уште еднаш да ги охрабриме сите оние кои што мислат дека постои сторено кривично дело во овој, па и во било кој друг случај, наместо за истото да се прават медиумски кампањи без докази и да се прават паушални напади по угледот на институциите и лекарите, и без притоа да се запазат основните постулати на правната држава, а особено без да се почитува начелото на презумпција на невиност, веднаш да поднесат пријава до надлежните органи за да се утврди и лоцира посоењето на одговорност, согласно начелата на правната држава и валдеењето на правото, како темелни вредности на Уставот на Република Македонија“, се вели на крајот на соопштението од Министерството за здравство.

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“