26 Април, 2024
0.0299

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Прогласен е крај на епидемијата на морбили

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Прогласен е крај на епидемијата на морбили во Македонија. 

Toa значи дека престануваат да важат дополнителните мерки за контрола на епидемијата. 

Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство информираше дека се исполнети епидемиолошките услови за одјава на епидемијата на мали сипаници на територијата на цела држава. 

Овој заклучок е донесен по поминати 45 дена од последниот пријавен лабораториски случај на мали сипаници или два максимални инкубациски периоди од последниот потврден случај.

Во согласност на донесените заклучоци од Комисијата, во тек е известување на сите јавни и приватни здравствени установи во државата за одјавување на епидемијата со морбили на ниво на цела држава.

Комисијата препорачува во континуитет да се одржува висок опфат со МРП вакцина (над 95 проценти), со цел да се превенираат идни епидемии.

„Инаку, вкупниот број регистрирани случаи со морбили во нашата држава, од декември 2018 година до крајот на минатата недела беше 1.901 случаи со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители. Според вакциналниот статус, вкупно 1.530 или 80,5 проценти од заболените деца се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Согласно податоците од Институтот на јавно здравје, во текот на епидемијата вкупно се вакцинирани 44.497 лица на возраст до 14 години, а се аплицирани и дополнителни 6.305 дози од вакцината кај лица над 14-годишна возраст, од кои повеќе од 60% кај здравствени работници, студенти на медицина, стоматологија и фармација, специјализанти и ученици во средните медицински училишта и останати контакти на заболените лица“, информираат надлежните. 

Со оглед на фактот дека болеста се регистрира во целиот Европски регион, можна е појава на поединечни импортирани случаи и ограничено ширење на болеста кај невакцинирани лица.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката