Добивај вести на Viber
Министерството за култура објави тендер за довршување на објектот „Македонска филхармонија“ во центарот на Скопје.
На зданието, кое остана недовршено по банкротот на австриската градежна компанија „Алпине Бау“, треба да се изведат градежни и градежно-занаетчиски работи, поточно затворената карабина на градбата.
Во тендерската документација е предвидено активностите да завршат за осум месеци. Градежните компании кои планираат да учествуваат на тендерот треба да го исполнат критериумот за остварен вкупен приход од минимум 10 милиони евра во последните три години. Истите треба да ги достават своите понуди најдоцна до 19 ноември.
Според објавените податоци во отчетот на Министерството за култура, во објектот „Македонска филхармонија“ досега се инвестирани 7.410.000 евра.