17 Мај, 2024
0.0295

Министерството за правда побара одговорност од претседателот по изгорената архива во кумановскиот суд

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Министерството за правда во отворена реакција преку јавноста го предупреди Судскиот совет дека пет месеци одолговлекува и не презема мерки за утврдување на одговорност и санкционирање на в.д. претседателот на Основниот суд Куманово за констатирани злоупотреби на АКМИС системот за прераспредлеба на предмети. Ова следи откако преку нож изби пожар во зградата на кумановскиот основен суд и пеплоса архивата.

Министерството за правда информира дека и покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолговлекува и не постапува по Извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб страницата на Советот.

„Имено, Судскиот совет беше во работна посета на Основниот суд Куманово на 1 февруари годинава и подготви Извештај  каде се констатирани низа нарушувања на угледот на судиската функција, направени се груби повреди на начелото на недеискриминација по било која основа,користење на несоодветен вокабулар, навреди и омаловажувања на вработените од страна на в.д претседателот на судот како и злоупотреба на АКМИС системот, кое во голема мера влијае на односите и работењето на судот“, реагира министерството.

Министерот за правда Кренар Лога на 11 април еднаш веќе испратил писмен допис до Судскиот совет со брање за преземање на соодветни мерки. Во Извештајот се наведени злоупотреби на АКМИС системот и исклучување на одредени судии од автоматската распределба на предмети.Лога на 22 јуни реагирал уште еднаш ургентно на 22 јуни

„Министерството за правда уште еднаш го повикува Судскиот совет да постапи согласно своите надлежности, бидејќи неказнувањето на вакви случаи ќе доведе до дополнително нарушување на угледот на Советот, а со тоа и намалување на довербата во правосудството“, додава министерството.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање