Добивај вести на Viber
Министерството за животна средина и просторно планирање работи на проектот за целосна санација на браната Пишица, која попушти кон крајот на февруари, по што поплави земјоделски површини, но и куќи по течението на Злетовска река и Брегалница во општините Пробиштип, Карбинци и Штип.
Државниот секретар за животна средина, Соња Лепиткова, очекува проектот, со кој ќе знае колку пари ќе чини целосната санација, да биде готов кон крајот на октомври.
Таа истакна дека Министерството за животна средина строго го контролира рибниот фонд во браната Пишица, со цел да не дојде до изумирање на рибите. Според Лепиткова, веќе од наредната година ќе се обезбедат средства со кои ќе се санира браната Пишица, која се наоѓа во непосредна близина на пробиштипското село Пишица.