19 Мај, 2024
0.0267

МИНИСТРИТЕ ПРИФАТИЈА, ПРАТЕНИЦИТЕ НА ПОТЕГ: Алкохол во секое време!

Објавено во: Економија 09 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Законските измени со кои се предвидува укинување на одредбите за ограничување на времето во кое може да се купи алкохол наскоро ќе станат реалност.

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот со кој се нудат измени и дополнувања на Законот за трговија на предлог на Министерството за економија

Измените предвидуваат  укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и на малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година.

Според одлуката на Влада предлог законот кој доби зелено светло од министрите сега ќе треба да добие амин и од пратениците.

Со предлог законот се предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои истата ќе се врши, односно ќе се дозволи продажбата на истите и во киосците. 

Лиценците остануваат нечепнати

Исто така трговците може да бидат мирни бидејќи не се планирани измени или поскапување на актуелните лиценци за продажба на алкохол, ниту пак на нивно поевтинување. Ова за нив е важен сегмент бидејќи од здруженијата велат дека голем број на трговски субјекти по ограничувањето за продажба на алкохол не ги продолжувале лиценците, па сега ќе треба одново тоа да го сторат.

„Надоместокот за лиценца за продажба на алкохолни пијалаци е регулиран во член 23-а на Законот за трговија од 2008 година. Во тековните измени на законот нема да се интервенира во наведениот член (23-а).

Имено, 20.000 денари е надоместок за вадење на лиценца за продажен објект по првпат, која важи 2 година.

За продолжување на лиценцата  трговецот е должен да плати надоместок во износ од 5.000 денари за секој  продажен објект, ако има до  три продажни објекти, и 15.000 денари за секој продажен објект, ако има над три продажни објекти и 0,05% од вкупниот промет остварен во претходната година. Секоја издадена лиценца важи за период од 2 години“ ни одговорија од Министерството за економија.

Полза за Трговците 

Трговците ќе имаат најголема полза од новите законски измени во трговијата. Тие уште на старт посочија дека очекуваат да им се подобри прометот и да си ги вратат муштериите. 

Забраната за продажба на алкохол на малолетници е ефикасна и треба да остане на сила, но временското ограничување на продавање алкохол во зима до 21 часот и налето до 19 часот треба да се укине, сметаа тие.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?