30 Ноември, 2024
0.0143

„Мирана“ прави револуција во производството на кечап, мајонез и сосови

Објавено во: VIP успешни приказни 10 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Кога почнувалe, пред 20 години, сопствениците на домашната компанија „Мирана“, биле свесни дека можеби нема да е лесно оти било буквално почеток од нула. Без простор за работа, без доволно пари, без машини. 

„Имаве идеја и стратегија, но беа потребни машини, простор финансии, вели Марио Мирсинов, кој за Фактор ја раскажува приказната на една од најуспешните македонски производни фирми. 

Во 1999 година почнале со производство на наменски и маргарини за широка потрошувачка. Сега компанијата прави повеќе од 70 видови производи – најпознатите Мирана кечап, мајоноз, сенф, оцет, преливи, сосови. Дел од нив и се со бренд на неколку деловни партнери. „Мирана“ од пред две години е сопственик и на познататиот бренд за здрава храна Био космос.


„Мирана“ стартувала по длабока анализа на пазарот за тоа што консумираат потрошувачите. Но се одело на тоа да се креира производ кој ќе има квалитет, да биде сличен по квалитет со оние кои се светски познати, а несомнено добри, а да е уникатен. Сега Мирсинов вели дека унапредувањето на квалитетот на производите уште им е на прво место. Секојдневно посебно внимание се посветува на работата на квалитетот, ширината и длабочината на асортиманот, но и на опциите за подобра амбалажа, модерно пакување.


„На почетокот најголем проблем беше тоа што немавме простор за работа и финансии. Јас применував знаење и искуство.  Но компанијата ја почнавме од нула. Кога станува збор за мала приватна фирма градењето не е едноставно, потребна е идеја, стратегија, машини, и сето тоа добро да се склопи и да функционира. И многу е потешко во недодефиниран пазар во развој, каков што е во Македонија, вели Мирсинов.

Сепак вели сега компанијата е насочена да се прилагоди на пазарот. Конкуренцијата е здрава и тоа дополнително ја јакне „Мирана“. Со растот, домашното производство од оваа компанија не оди само на рафтовите од македонските продавници, туки и надвор од земјава. Моментно компанијата бележи раст на продажбата во сите сегменти, најмногу кај кечапот, мајонезот и маргаринот. Во 2017 година, „Мирана“ стана сопственик на брендот Био Космос.

„Преземањето има за цел проширување на асортиманот, но и воведување нови стандарди кои ќе обезбедат успешно позиционирање на пазарот, со посебен акцент на природната и органска храна, вели Мирсинов.


Точно 66 вработени. Толку луѓе моментно се ангажирани во „Мирана“, но Мирсинов најавува оти во наредните месеци ќе се вработат уште десетина затоа што набрзо почнува и нова програма на производство.

„Ние во „Мирана“ цврсто веруваме во своите вработени – во нивната стручност, искуство и посветеност. Успешната компанија ја прават главно луѓе со идеи, енергија, мотивација и со свест за заедничката цел, на своите потрошувачи да им дадеме најдобар производ. Затоа, покрај деловниот успех, еднакво ни се важни и позитивната работна атмосфера и задоволството на нашите вработени. Тоа е одговорот каде ја гледам компанијата за 10 години - во опкружување на нашите стручни, искусни и посветени луѓе, кои произведуваат висококвалитетен домашен производ без да ја загадуваат животната средина, вели Мирсинов.

Во последниот период и некои странски компании влегоа на македонскиот пазар, па клучен предизвик сега за „Мирана“ е да одговори на жестоката конкуренција и да се прилагоди. На патот има и пречки, нелојални мерки, секојдневни предизвици. Македонските компании плаќаат високи царини за одредени суровини.

„Најголема пречка е што за одредени суровини ние како македонска фирма имаме високи царини, а додека истите производи влегуваат преку државите од балканот, и на тој начин ние како производители, во сопствената држава сме фирма „од втор ред“. И не сме конкурентни, само поради високите царини на одредени влезни суровини, потенцира Мирсинов.


Сепак приказната е повеќе од успешна. Плановите за развој се амбициозни, а во услови на дигитализација, ќе се воведуваат и новини. Преку дигиталните технологии компанијата се обидува да го забрза растот, да се иновираат процесите, производите и услугите и тие да се приспособат на новите генерации потрошувачи.

„За да бидеме конкурентска македонска компанија на европскиот пазар, сите работни процеси мора да преминат на дигитална платформа, без разлика дали станува збор за проекти, производи, маркетинг или продажба. Од друга страна, комуникацијата е мостот на се. За подобрување на меѓусебните односи во компанијата и нивно искористување и за зголемување на економските постигнувања на компанијата, имаме добар партнер. Компанијата Вип не следи во развојот и тоа ни е од ислучително значење, вели Мирсинов.

Проширувањето на капацитетите и зголемување на производството како план се добитна комбинација дека компанијата ќе оди напред. Во „Мирана“ нема сомнеж во тоа и покрај предизвиците.

Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.