15 Декември, 2025
0.0340

АРСОВСКА ДО ПРЕМИЕРОТ:„Патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2024 20:51

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и премиерот Христијан Мицкоски повторно си разменија остри збориви поради проблемите со јавниот превоз. 

„Ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз“, вели Арсовска. 

Реформата за јавниот превоз која ја споменуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението на Град Скопје, ја ветиле Мицкоски и Арсовска пред скопјани, а советниците од неговата партија сега ја саботираат реформата и со тоа, како што се додава, го доведуваат јавниот превоз до колапс.

„Мицкоски, ти не гласаш за нови автобуси затоа што побарав сите партии во советот на Град Скопје да се вклучат во избор на спецификација и услови за набавка, ама така ти, ‘патриоту’ Мицкоски, нема да можеш да преговараш со производители на автобуси како што правеше на почетокот на мандатот кога за тебе бев најдобриот менаџер во Европа. Ајде ‘патриоту’ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа кој ти со твоите мицковистички полтрони во советот го саботираш, или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор, градоначалник кој ти го молеше да го поддржиш на избори бидејќи твоите кандидати не ти се допаѓаа и не ти биле доволно градски луѓе“, пишува Арсовска во соопштението испратено од Град Скопје.

Нарекувајќи ја самопрогласена реформаторка на јавниот превоз, од партијата на Мицкоски вчера обвинија дека градоначалничката го довела Скопје на раб на колапс. 

Со приватните превозници, советниците од ВМРО-ДПМНЕ имаа средба попладнево и е договорено да им се покачи цената за изминат километар. 

Можеби ќе ве интересира

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите