09 Октомври, 2024
0.0254

Мишел Фајфер ги отвори вратите на својата луксузна оаза вредна 30 милиони долари

Објавено во: Стил 18 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Познатата актерка и нејзиниот сопруг-ТВ продуцент и автор на култни сериии Дејвид Е. Кели одлучија да ја продадат својата скапоцена вила, која им даде на медиумите одлична можност да влезат во нивниот спектакуларен дом.

Откако ја купи за 10 милиони долари во 2004-та година, Мишел Фајфер се надева дека ќе направи добра зделка за вилата во Сан Франциско, која има четири спални и пет бањи, и е сместена во пространа шума од 8,67 хектари со прекрасен поглед на планината.

Изградена во 1940-тата година, вилата се наоѓа во затвореното село Вудсајд, а покрај  прекрасен ентериер, тука е градината со многу зеленило, голем базен, тениско игралиште и спа.