07 Декември, 2025
0.0385

Мислевте дека компирот дебелее? Погледнете ги резултатите на ова истражување!

Објавено во: Стил 16 Декември, 2014 18:55

Добивај вести на Viber

Компирите одамна се сметаат за храна која дебелее. Сепак, новото истражување покажува дека компирите го спречуваат дебелеењето, пренесува Дејли Меил.

Според новиот труд објавен од страна на истражувачи од Универзитетот „McGill“, се покажало дека глувците кои се хранети со компир изгубиле дел од телесната тежина.

Тимот на истражувачи верува дека овие резултати се последица на фактот дека компирот има висока концентрација на полифенол - хемиска компонента која се наоѓа во овошјето и зеленчукот , а е одлична во борбата против болести.

„Бевме вчудоневидени од резултатите“, рекол професорот Луис Агелон, еден од авторите на студијата.

„Мислевме дека ова не може да биде точно. Дури и го повторивме експериментот во кој користевме поинаков тип на екстракт подготвен од компир и здебелени глувци во другата сезона, само да за би биле сигурни во резултатите.“

Во текот на период од десет недели глувците кои во почетокот тежеле 25 грама во просек се хранеле со храна која поттикнува дебелина, а некои се хранети со екстракт на полифенол кој е направен од околу 30 компири.

До крајот на експериментот, животните кои не биле хранети со екстракт на компир во просек се стекнале со 16 грама.

Оние кои конзумирале дневна доза полифенол богат со екстракт на компир добиле само 7 грама на тежина.

Главниот автор Стан Кубов смета дека овие резултати може добро да го објаснат „францускиот парадокс“ - идејата Французите да останат витки и покрај својата наоколу нездрава храна, која се состои од заситени масти.

„Во познатата француска диета, се смета дека компирите се , а не црното вино, примарен извор на полифенол“, објаснил Кубов.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: