15 Мај, 2024
0.0268

Мистериозна клупска забава за сите сетила

Објавено во: Мои пари 02 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Со воведувањето на едно невообичаено искуство уште во 2017 година, Neuland платформата која нуди вистински вредности ткаени со слободоумност, безбројни можности и самоопределување, ја започна приказната со Neuland Sensorium, настан кој до ден денес не се заборава. Од арт инсталации и модни ревии до дегустација на невообичаена храна и 3D визуелизација,  сето тоа зачинето со огромни зони на Skopje Calling и Ohrid Calling, и многу други необични настани ја заокружија и минатогодишната 2018 година.

Neuland и оваа година ги раздвижува летните ноќи и продолжува да нуди сосема нови искуства. Мултидисциплинарната платформа што ни ги буди сетилата уште од 2017, оваа година е надградена на следното ниво - Neuland Mysterium.

Neuland Mysterium е настан што ќе се одржи на 4 јули, (четврток), со почеток во 20.30 часот во Ragusa 360 Rooftop, и ги повикува оние што бараат вистинска забава исполнета со содржина, контекст и мистерија да влезат во духот на Neuland и да се препуштат на уникатно доживување, преку одреден број карти кои се достапни во скопските кафулиња.

Овој Neuland настан ќе го направи чекорот кон мистериозните сензации и ќе нè испровоцира да излеземе од „комфорната зона“ и да пробаме нешто ново, во оваа летна приказна исполнета со многу активности кои ги разгалуваат сетилата и го исполнуваат духот. Neuland Mysterium ќе понуди различни мултидисциплинарни содржини, од уметнички перформанс и аудио-визуелизации до дегустација на биомолекуларна храна.

Neuland ноќите веќе трето лето внесуваат сосема поинаков пристап на вечерното излегување, концертите и културните настани, нудејќи иновативна интерактивност и креативност што ги буди сетилата и ги разигрува во една нова димензија исполнета со бои, звуци и доживувања.

Сите оние кои сакаат да ги препуштат своите сетила на уживање во вечер полна со мистерија и музичка кулминација, може да побараат влезници во кафе баровите Синдикат, Кантина, Круг, Цреша и Рузвелт. Една влезница важи за две лица и истите се во ограничен број. За подетални информации, посетете ги нивните инстаграм профили.

Влезете во светот на мистериозните доживувања со Neuland Mysterium.

Можеби ќе ве интересира

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија