18 Мај, 2024
0.0316

Младата Марија Брзакова што исчезна била бремена во вториот месец?

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

„Знам дека постов не е за тука, но ве молам споделувајте да се најде... 11 дена нема никаква трага“. 

Ова е постот кој пред околу 16 часа го сподели на Фејсбук извесна Јулијана Миовска, преку една од групите на оваа социјална мрежа која има бројни членови. 

„Ве молиме за помош, Македонија, Србија, Бугарија, Романија“, пишува во своевидниот оглас што таа го споделила. 

Во него пишува дека младата Брзакова ја бара нејзината тригодишна ќерка. 

Но, она што е уште поинтересно што таа го навела во огласот, е што вели дека младата дваесетиосум годишна Марија била бремена, во вториот месец.

Дали е тоа вистина, се интересираше Фактор.

Има некои неофицијални информации кои говорат дека таа информација е точна.

Она што уште го дознаваме е дека нејзиниот сопруг, кој исчезнувањето го пријави на 20 јануари, откако таа исчезна на 18 јануарти или три дена претходно, живеел во Швајцарија, и неодамна се вратил во земјава. 

Младата жена ја нема веќе дванаесет полни дена, а во јавноста останува мистерија што се случило со неа.

Марија Брзакова исчезна на 18 јануари годинава и струмичката полиција неуморно трагаше по неа, а во потрагата се вклучија дури и специјални полициски тимови, полициски кучиња трагачи, доброволци граѓани, но и ловџии од ловното друштво Босилово, кои ја бараа дури до бугарската граница.

Во јавноста се плетат бројни приказни која е причина за нејзиното заминување.

Она што е факт, е дека јавноста дозна за исчезнувањето на Марија на 20 јануари годинава, откако дека неа ја нема пријавил нејзиниот сопруг во СВР Струмица. Или, излегува дека тој тоа го сторил три дена по исчезнувањето.

Од струмичката полиција не сакаат да даваат за случајот повеќе детали од она што првично и го соопштија на јавноста уште кога исчезна девојката.

Во случајот се вклучи и Основното јавно обвинителство. 

Или конкретно, ОЈО Струмица веќе води предистражна постапка, откриваат за Фактор од Обвинителството.

„ОЈО Струмица прими известување од СВР Струмица во врска со исчезнатото лице, и во моментов се постапува во насока на утврдување на факти во предметот и се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност“, велат од Обвинителството. 

Но, оттаму нагласуваат дека треба прво да се утврди што точно се случило со жената, па потоа да се работи на евентуално утврдување на кривична одговорност, доколку евентуално постои кривична одговорност. 

За обвинителството да почне истрага, тие треба да имаат некакви опипливи докази. Засега немаат ништо такво.

„Сите информации се проверуваат. Ќе се проверуваат сите податоци, ќе се разговара со нејзината мајка, со сопругот, кога точно исчезнала, кога е пријавено исчезнувањето. Сега ОЈО Струмица води предистражна постапка за да утврди што точно се случило. Во моментот кога ќе имаме резултати од потрагата, ќе ја известиме јавноста“, велат за Фактор од Обвинителството. 

Дознаваме дека надлежен обвинител од ОЈО Струмица веќе работи на предметот.

Исто така, се дознава дека на локално ниво можеби постојат одредени индикции, но засега не се открива ништо конкретно. 

Досега Обвинителството нема дадено ништо официјално на својата веб страна за овој случај.

Кога во саботата на 18 јануари младата мајка Марија Брзакова го напуштила својот дом, била облечена во темни тренерки, без документи и мобилен телефон кај себе.

Жителите на селото беа вознемирени од случката.

Мајката на Марија за медиумите изјавила дека таа е сопруга и мајка која никогаш не би си го оставила детето. Таа ја молеше јавноста да и помогнат во потрагата. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза