26 Април, 2024
0.0994

И Обвинителството се вклучи во случајот со Брзакова - има ли кривична одговорност

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Младата жена ја нема веќе десет дена, а во јавноста останува мистерија што се случило со неа.

Марија Брзакова исчезна на 18 јануари годинава и струмичката полиција неуморно трагаше по неа, а во потрагата се вклучија дури и специјални полициски тимови, полициски кучиња трагачи, доброволци граѓани, но и ловџии од ловното друштво Босилово, кои ја бараа дури до бугарската граница.

А додека ја нема младата жена и мајка на малолетно дете, во јавноста се плетат и приказни, која е причина за нејзиното заминување.

Она што е факт, е дека јавноста дозна за исчезнувањето на Марија на 20 јануари годинава, откако дека неа ја нема пријавил нејзиниот сопруг во СВР Струмица. Или, излегува дека тој тоа го сторил три дена по исчезнувањето.

Од струмичката полиција не сакаат да даваат за случајот повеќе детали од она што првично и го соопштија на јавноста уште кога исчезна девојката.

„На 20.01.2020 година во 15.20 часот во Полициска станица Струмица Б.Б. (29) од село Босилово, пријавил дека од нивниот семеен дом во село Босилово се оддалечила неговата сопруга Марија Брзакова (28). СВР Струмица превзема мерки за пронаоѓање на лицето“, беше наведено во официјалното соопштение од страна на СВР Струмица.

Но, во случајот се вклучи и Основното јавно обвинителство. 

Или конкретно, ОЈО Струмица веќе води предистражна постапка, откриваат за Фактор од Обвинителството.

„ОЈО Струмица прими известување од СВР Струмица во врска со исчезнатото лице, и во моментов се постапува во насока на утврдување на факти во предметот и се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност“, велат од Обвинителството. 

Но, оттаму нагласуваат дека треба прво да се утврди што точно се случило со жената, па потоа да се работи на евентуално утврдување на кривична одговорност, доколку евентуално постои кривична одговорност. 

Во моментов никој не знае што се случило со жената. Веќе десетти ден од неа нема ни трага ни глас. 

А за обвинителството да почне истрага, тие треба да имаат некакви опипливи докази. Засега немаат ништо такво.

„Сите информации се проверуваат. Ќе се проверуваат сите податоци, ќе се разговара со нејзината мајка, со сопругот, кога точно исчезнала, кога е пријавено исчезнувањето. Сега ОЈО Струмица води предистражна постапка за да утврди што точно се случило. Во моментот кога ќе имаме резултати од потрагата, ќе ја известиме јавноста“, велат за Фактор од Обвинителството. 

Дознаваме дека надлежен обвинител од ОЈО Струмица веќе работи на предметот.

Исто така, се дознава дека на локално ниво можеби постојат одредени индикции, но засега не се открива ништо конкретно. 

Кога во саботата на 18 јануари младата мајка Марија Брзакова го напуштила својот дом, била облечена во темни тренерки, без документи и мобилен телефон кај себе.

Жителите на селото беа вознемирени од случката.

Мајката на Марија за медиумите изјавила дека таа е сопруга и мајка која никогаш не би си го оставила детето. Таа ја молеше јавноста да и помогнат во потрагата. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот