Млади загинаа откако со „ауди“ излетаа од патот во светиниколско
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2021
Тројца млади излетале од патот со возило „ауди“ во светиниколско, при што двајца починале а еден е тешко повреден, информира МВР. Сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 02:45 часот се случила на крстосница од локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско.
- Во несреќата возачот и сопатничката С.А.(21) од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на местото на настанот. Сопатникот Д.Ј.(28) се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе, информира полицијата.