15 Декември, 2025
0.0467

МЛАДИОТ ЈУГОСЛАВ ПОЧИНА ОД КОВИД - пред само неколку часа бараше помош од добронамерните луѓе за да се лекува во приватна клиника

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2020 10:56

Добивај вести на Viber

Југослав Николиќ, кој бараше помош односно донации за да  може да се лекува на приватна клиника, починал од последиците на ковид 19. 

Тоа токму сега беше објавено на неговиот фејсбук профил, до сите добронамерни луѓе, да не донираат повеќе средства, а на оние што донирале, ќе им бидат вратени парите.

„Југослав почина од последица на Ковид 19. Ве молиме не уплаќајте повеќе средства, а претходно уплатените средства во полн износ ќе ви бидат вратени по завршување на оставинската постапка. Бог да го прости“, стои во постот на фејсбук, кој веројатно го објавил некој од блиските на Југослав.  

Кус период по објавата на веста за смртта на Југослав, неговиот профил на фејсбук беше исклучен.       

А само пред 20 часа, Југослав на истиот фејсбук профил побара помош од граѓаните. 

Драги мои роднини, пријатели и сите што ова ќе го прочитате, дојде момент да немам друг избор и помош да барам јавно. Јас сум Југослав и сум пациент на клиниката за белодробни заболувања во комплексот Мајка Тереза, позитивен на КОВИД-19 и со лоша клиничка слика.

Се борам за секој нареден здив, вода пијам голтка по голтка со многу вложен труд и болка бидејќи грлото ми е во рани од кашлица и исплукување крв. Клиниката е преплавена со заболени, лекарите и сестрите борци се борат како последните упорни херои, жртви на воен фронт.

Секој ден се плашам дека можеби ова е мојот последен ден на овој мил свет. Моите сестри веќе заминаа од светот на живите, а јас секој миг се плашам дека мајка ми ќе остане и без последното чедо кое што не успеа да остави ни внуци позади себеси.

Сметам дека клиниката неможе да ми ги пружи идеалните услови за мојот организам ги има сите шанси за борба па одлучив да Ви се обратам Вам за помош. Хуманитарните луѓе од млекара Бучен Козјак веќе помогнаа со голем дел од средствата кои ми се потребни да се лекувам на приватна клиника каде што сметам дека медицинскиот тим може да ми пружи подобри шанси за живот, но ми недостасуваат уште 9000 евра за да примам озонска терапија и крвна плазма и да ја продолжам борбата со нови сили.

Ве молам сите што сте во можност и на кои нема да можам можеби и никогаш да Ви се одолжам, доколку можете, да ми донирате средства на следните сметки“, стоеше на профилот и беа наведени сметките. 

Можеби ќе ве интересира

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца