03 Мај, 2024
0.0261

МЛАДИТЕ БЕГААТ ОД ТЕКСТИЛОТ: Ќе има сериозна криза за работници

Објавено во: Економија 24 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Младите не сакаат да работат  во конфекции, затоа што работата е напорна, и не е доволно платена поради што за неколку години, а најмногу една деценија текстилните фабрики ќе кубурат со  работници.

Ова го потврдуваат од градот на текстилот Штип, но и од другите градови во Македонија. Од штипските конфекции раскажуваат дека откако постарите работнички ќе заминат во пензија, а младите ќе се иселат  во странство или во Скопје,  ќе нема кој да шие.

„Од 130 работнички, максимум 40 се млади, а другите се постари. За во иднина ќе биде многу тешко. Сигурно дека ќе се соочиме со недостиг на работна сила. Интерес  од  младите за оваа работа има сè помалку и помалку, никој не сака да шие на машина“ – велат од конфекција во Штип.

Во друга компанија објаснуваат дека се обидуваат со повисоки плати да ги привлечат младите, но и да ги задржат сегашните работници.

„Сè е до парите. Ние се одлучивме да покачиме плати, за да не бегаат работниците. Платите се околу 18.000 денари.  Дефинитивно се очекува дека за некое време ќе нема работници и од тоа нема бегање. Тоа се чувствува нагло последниве две години, а се зборува многу одамна и затоа ние се трудиме да ја покачиме цената. Има секакви луѓе, некои доаѓаат и ќе научат брзо да шијат, но ако им излезе подобра прилика бегаат. Има и други кои ќе седат дома, ама не сакаат да ја работат оваа работа“ – раскажува нашата соговорничка.

Сопственичка на конфекција од Злетово додава дека последиците ќе се почувствуваат многу скоро, за 5 до 7 години.

„За волја на вистината и за жал, млади имаме сè помалку. Кај мене може на прсти да се избројат, тоа се 5-6 луѓе од вкупно  60 работници, а имам многу работнички коишто за 2 години ќе одат во пензија.  Ова јас одамна го имам предвидено, но нема луѓе, се селат во странство“ – објаснуваат од  злетовска конфекција.

Но, од друга страна оние кои веќе работеле во текстилниот сектор  раскажуваат дека воопшто не е розово, ниту лесно, дека се работи многу,  а платите се мали.

„Не се исплати за тие пари да се оди на работа. Во Велес  се многу слабо платени шивачките. За 100 евра подобро е човек да седи дома отколку да работи. Јас бев на обука месец дена и добив само 1500 денари“ – раскажува Андријана А. Од Велес.

Според некои проценки, бројот на текстилни работници од 2007до 2016 година е намален за 16%  или за околу 7.000 работници. За оваа гранка веќе подолго време се говори дека е во слободен пад.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски