20 Декември, 2025
0.0545

„Младост без лудост“-Пораки и графити осамнаа низ Скопје

Објавено во: Мои пари 10 Април, 2017 11:09

Добивај вести на Viber

Илустративни пораки, уметнички креации, графити..... како и да ги наречеме станува збор за интересни примамливи сликовити пораки што одземаат внимение и будат интерес. Секој ги толкува и ги доживува на различен начин, но сите многу вешто ја откриваат главната порака.

Нови графити на повеќе локации во Скопје викендот го одземаа вниманието на скопјани. 

Граѓаните делумно зачудени, но истовремено и заинтригирани. Кој е авторот на овие графити, која е пораката што се пренесува?

Несомнено станува збор за креативни творби кои се добро осмислени и кои имаат цел да го свртат вниманието на лубопитните минувачи. Граѓаните се љубопитни и нетрпеливи. Загатката не е докрај одгатната. 

Бидејќи никој не е потпишан под самите графити не е јасно дали станува збор за герила акција, некое ново младински движење, ноќен клуб или пак станува збор за некоја комерцијална кампања во чии фокус се токму младите.

Дилемата е отворена. Останува да почекаме и „виновникот“ за овие графити да ја реши и да открие за што станува збор. Дали „Младост без лудост“ е новиот слоган на некоја кампања или станува збор за група млади луѓе кои само сакаат да ја изразат нивната младешка креативност преку овие графити.


На крајот се отвора прашањето: Што е младост без лудост? Кој е одговорот на оваа дилема?

До тогаш останува да погодуваме. Можеби оние кои се подосетливи ќе откријат за што станува збор. Кој знае?


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии