МОЌТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ: Во колку држави можеме да патуваме без визи?
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020
Со македонскиот пасош без виза може да се патува во 124 држави.
Henley & Partners македонскиот пасош го рангираше на 47-мо место, а неговите носители може да патуваат без виза во 124 земји.
На првите позиции се Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја и Германија.
Од земјите во регионот, највисоко е позициониран грчкиот пасош и тоа на осмо место. Потоа следуваат: Словенија (12), Бугарија (18), Хрватска (19), Србија (40), Црна Гора (47), Босна и Херцеговина (52) и Албанија (54).
На дното на листата се најде Авганистан, чии државјани може да патуваат без визи само во 26 земји во светот. Потоа следуваат: Ирак, Сирија, Пакистан и Сомалија.
Македонскиот пасош лани беше помоќен од албанскиот, косовскиот, босанскиот.Македонците во 125 земји можеа да патуваат без визи.