МОСКВА ИМА УСЛОВ ЗА ДА ОДИ НА НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ: Бараат Украина да не ги гаѓа базите со бомбардери
Објавено во: Свет 03 Јуни, 2025 21:03
Tретата рунда разговори со Киев би можела да се одржи до крајот на месецот, но само ако Украина престане да напаѓа воздушни бази во кои се сместени руски стратешки бомбардери, изјави високиот функционер на руската Дума, Алексеј Чепа.
Аналитичарите го толкуваат новото руско барање како загриженост на Москва по неодамнешните украински напади.
Барањето доаѓа само два дена по големиот украински напад со беспилотни летала врз воените аеродроми низ Русија, вклучувајќи ги и базите во Сибир, во кој беа погодени бомбардерите Ту-95, Ту-160 и Ту-22М3, клучни носачи на руските ракетни напади врз Украина.
Украинските сили денеска извршија напад на Кримскиот мост, во кој, според украинската безбедносна служба СБУ, се употребени 1.100 килограми подводен експлозив.Директорот на Украинската безбедносна служба (СБУ), Генерал-полковник Васил Малиук изјави дека Кримскиот мост е легитимна мета.
„На територијата на нашата земја нема место за никакви нелегални руски објекти. Затоа, Кримскиот мост е апсолутно легитимна цел, особено имајќи предвид дека непријателот го користеше како логистичка артерија за снабдување на своите трупи“, наведе Малиук.
Украина бараше од Германија ракети Траурус за да го гаѓа Кримскиот мост. Дали ќе ги добие, не се знае. Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна кажа дека се договориле да не соопштуваат јавно какво оружје ќе добијат од Германија. Две рунди преговори имаше неодамна, но освен размена на заробеници, друг напредок нема.фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




