06 Декември, 2025
0.0560

Може ли да се гледа низ темнината?

Објавено во: Колумни 23 Мај, 2014 09:05

Добивај вести на Viber

Лелеци, повик за помош, апели за спас на она што е останато, болни воздишки, таговни крици, солзи и неверба - се само дел од сликите што го обиколија светот, а кои беа дел од нашето соседство. Урнисани домови, поплавени и обезличени семејни гнезда, деца облеани во солзи, родители во очај борејќи се за своите чеда, млади и стари во безислез сакајќи да помогнат на своите ближни. Она што го видовме минатите денови, а преставува  дел од нашето Балканско опкружување беше траорна и страотна слика предизвикана од природна катастрофа. Немо гледавме во екраните, повеќето од нас со неверица, дека нешто толку лошо и трагично се случува близу до нас, дека водената стихија надоаѓа и без пардон и без предупредување руши се пред себе. Како во филмовите на Спилберг, со неверица, трогателно ги гледавме снимките и сториите во живо, се уште недоволно свесни дали е вистина или фиксација, дали е сон или јаве, дали е филмувана сторија или наша сурова реалност. Многу малку беше доволно за да прогледаме во темнината која во тие мигови ги ги натежна нашите очни капаци Ниту еден човек на планетава земја, ниту едно човечко битие не можеше да остане имуно на сликите кои го обиколија за миг целиот свет. Емоции кои во тие мигови испливуваа на површина и кои се исполија кај секој свесен и разумен беа емоциите на страв, на жал, на тага, на сочуство, но и на бес и лутина за сета несреќа што ги снајде луѓето во тие подрачја. Можеби на почетокот, во првичните мигови, не бевме толку свесни за трагедијата и несреќата која се случува толку близу до нас и ни се чинеше како нешто далечно, на мигови невозможно. Но, само неколку часа и неколку страотни снимки беа доволни да се свестиме за реалната ситуација која се случува во нашето соседство, многу малку беше доволно за да прогледаме во темнината која во тие мигови ги ги натежна нашите очни капаци....И така почна лутината кај нас, така почна тагата да ни се всадува во срцата, во тие мигови душата ни се растажи и умот ни се помати од трогателната глетка која немо ја следевме и на миг со кнедла во грлото и неверица ја гледавме. Дури и оние кои сакаат да останат имуни на случувањата и својот ум и разум не сакаат да го оптоваруваат со дневно-политички збиднувања Не постојат зборови со кои може да се опише чувството кое доминираше во тие мигови, не постојат доволно зборови на утеха кои можат да се упатат, не постојат доволно постапки кои можат да се направат, а да се заборави она што се случи, да се избрише, како со гумичка, сета онаа несреќа и сите стравотии што таа ги донесе со себе. Јад и чемер го навјаса секој добронамерник, солзи од очите извираа на секој човек кој споделуваше моменти од случувањата со својот собеседник, грч на секое лице и поглед исполнет со гнев и страв можеше да се забележи кај луѓето. Дури и оние кои сакаат да останат имуни на случувањата и својот ум и разум не сакаат да го оптоваруваат со дневно-политички збиднувања и случувања во општествениот живот, не останаа само неми сведоци на настаните кои како на филмска камера се редеа едни по други. И исчекувањето не беше само кај оние кои директно беа погодени од поплавите, стравот не се вгнезди само кај оние кои ги губеа своите домови и за миг им се рушеше животот како кула од карти, треморот не се случуваше само кај оние кои во миговите на безизлез гледаа како да го спасат сопствениот живот и животот на својот најблизок, туку мака, тага и жал се јавуваше и кај секој од нас, секој човек со брзина на молња ја споделуваше секоја нова информација и со трепет ги следеше информативните емисии, исчекувајќи го исходот од природната катастрофа. Хуманоста не познава боја, раса, нација, етникум, религија И во мигови на безислез, во мигови кога пред очи ни беа мајките со своите дечиња како ги милуваат и ги тешат, а на лицата им се чита бол и страв, и во мигови кога пред очи ни се редат слики во кои водата руши се пред себе, носи и животи и градби, и во мигови кога сме сведоци на една природна катастрофа и кога ја гледаме човековата немоќ да се носи и справи со природата, она што е утешително и што донекаде ни ја врати вербата во човечноста е хуманоста која исплива на дело. За миг се заборави на политиката, на партиите, на двојбите, на етничноста и конфесијата, се заборави на двојбите на твои и мои, бидејќи тогаш сите се наши, во тие моменти секој го гледаш како човек на кому треба да му се подаде рака и да му се понуди помош. Ми се врати вербата во добрината и добродетелството, ми се врати вербата во алтруизмот и космополитизмот како човечки вредности. Хуманоста не познава боја, раса, нација, етникум, религија, хуманоста е сама по себе и за себе цел, таа е врвна вредност и доблест само на човекот и во миговите на безизлез и разочараност та исплива на површина. Она што во тие мигови ми го потхрани духот и растрепери срцето е што сите се обединивме за една цел, за помош на настраданите, што сите имавме една мисија што повеќе да донираме и да поттикнеме на хуманост. Она што ми ја разбистри мислата и растрепери душата е хуманиот дискурс кај секој добронамерник, кој колку може се трудеше да помогне, да поддаде од она што го има, да покаже сомилост и искренажелба за помош на оној на кому му е таа неопходна. Ех мои мили сожители, сограѓани, добри луѓе и домаќини, она што во овие мигови на тага ми ја пали искрета на среќа е обединувачкиот дискурс на нацијата и тоа ме прави горда дека кога е потребно, за повисоки цели забораваме на двојби и се обединуваме и на пиедесталот на вредности ги искачуваме вистинските-хуманоста, добрината, сомилоста. Со тоа докажуваме и покажуваме дека сме луѓе пред се и над се и дека во секој од нас лежи човечното что не прави луѓе во вистинска смисла на зборот. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет-Скопје  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зеленски „под контрола“!

Зеленски „под контрола“!

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?