Добивај вести на Viber
Продолжуваат интевенциите врз мрежата на семафори воСкопје. Како што известуваат од Градот, во рамките на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот, од 21 до 26 октомври ќе се менуваат старите семафорски на улиците.
Станува збор за промена на семафорите на крстосниците и пешачките премини по булеварот Партизански одреди, потоа крстосницатата меѓу булеварот Александар Македонски и улицата 16 Македонска бригада, како и пешачкиот премин на булеварот Александар Македонски кај „Алкалоид“ во населбата Автокоманда. Старите семафори ќе се менуваат и долж булеварот Видео Смилевски - Бато во населбата Ново Лисиче.
Од службите посочуваат дека е можно да се наруши координацијата на светлосните сигнали и зелените бранови на булеварите Партизански одреди, Александар Македонски и Видео Смилевски – Бато и да се појават застои. Апелираат учесниците во сообраќајот да покажат разбирање и да ги почитуваат сообраќајните знаци.