20 Декември, 2025
0.0545

Можно е ЕЦБ да ја укине банкнотата од 500 евра поради често фалсификување

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2016 10:27

Добивај вести на Viber

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги даде знак дека банкнотата од 500 евра може да биде запрена од промет поради честата злоупотреба на неа од страна на фалсификатори, соопшти Си Ен Ен.

„Се почести се убедувањата во јавното мислење дека банкнотите со големи деноминации се користат за криминални цели. Во рамките на овој контекст ние размислуваме за акција“, рече тој во одговор на новинарско прашање за иднината на најголемата европска банкнота.

Според високи претставници во Европа банкнотата од 500 евра го олеснува перењето пари, бидејќи е полесно да биде пренесувана незабележано. Во минатогодишниот извештај на „Европол“ се наведува дека парите во готово се уште се „преферирана алатка“  на терористите, а банкнотата од 500 евра е најмногу барана.

Според Драги високите претставници на ЕЦБ разговараат што да прават со банкнотата, и секакви активности ќе бидат внимателно имплементирани во пракса.

Неговата изјава доаѓа само неколку дена откако претседателот на еврогрупата Јерун Деиселблум ја повика ЕЦБ да излезе со опции за ограничување на употребата на банкнотата за терористички цели.

Претходно оваа година Европската комисија истакна дека ќе работи со европската банка и „Европол“, за да најде начини за запирање на финансиските текови на терористите. ЕК, исто така, планира да ги регулира виртуелните валути и припејд картички, за да не можат терористите да останат анонимни, кога ги користат овие извори на средства.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба