16 Мај, 2024
0.0454

Можно ли е да живееме со 2 евра на ден?

Објавено во: Стил 22 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Бугарскиот студент Петар Иванов, кој живее и учи во Холандија, прави едномесечен експеримент дали е можно да се живее со 2 евра на ден за храна, која во исто време е здрава.

Проектот „One Tall Guy's Food Experiment“ стартуваше на 5 јули и заврши успешно на 3 август. Со експериментот Петар сака да им покаже на другите ученици дека може да се живее со минимални ресурси за храна, а во меѓувреме таа е вкусна и здрава.

Тајната на неговиот експеримент се крие во изборот на купувања кој младиот студент ги прави. Тој избира претежно сезонско овошје и зеленчук кои се со добри цени и ги купува само најпотребните нешта.

Петар има листа за шопинг во текот на целиот месец, секоја недела тој вклучува различни прехранбени производи. Неговиот буџет за месец е 60 евра и тој успева да се вклопи во него.

Бугаринот вели дека пред тоа тој давал по 150 евра месечно за храна, купувајќи алкохол и други нездрави производи.

Петар Иванов се надева дека ќе ги инспирира повеќето млади луѓе да купуваат предвидено и разумно и во исто време да се хранат здраво. Неговиот експеримент можете да го видите во видеото:

https://youtu.be/2Nc0qZNBgas