19 Мај, 2024
0.0252

Има ли начин државата да ги спречи граѓаните да се обложуваат на странски интернeт страници

Објавено во: Економија 18 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Колку пари се одлеваат од земјава поради нелегалното приредување на игри на среќа од страна на странски приредувачи на интернет игри на среќа? Владата ќе се обиде да стави ред и да најде начин како да го спречи ова. 

Владата имено вчера го задолжи Министерството за финансии да достави информација со предлог решенија  како да се спречи одлевањето на паричните средства по основ на противзаконито учество на македонските граѓани  во странските интернет игри на среќа, како да се спречи пристапот на македонските граѓани до наведените интернет страни на кои се организираат игри на среќа од страна на правни субјекти кои немаат соодветна лиценца согласно Законот и како да се следат паричните приливи до граѓаните стекнати по овој основ.

За оваа појава од поодамна се алармира но немаше реакција.

Моментално, не се почитува законската забрана која ги ограничува нашите граѓани за учество во игри на среќа на странски веб страници. Тоа води кон значително учество на наши граѓани на тие сајтови и значително одлевање на девизни средства од нашите граѓани во другите држави каде што се регистрирани тие приредувачи. Ова е лошо од повеќе аспекти. Прво, државата губи девизни средства и губи дел од фискализацијата на приходите, доколку тие приредувачи се во нашата земја. Второ, отсуствува во одреден степен заштита на учесниците на игрите на среќа кои се играат на странски сајтови.

Професорот Сашо Климовски кој е единствениот што има учебник за оваа проблематика и го предава предметот на Правниот факултет во разговор за Фактор тврдеше дека законодавецот треба да размисли да интервенира во Законот за игрите на среќа на тој начин што ќе воведе механизам на операционализација за забраната за учество на лица од нашата земја во игрите на среќа, организирани од страна на странски интернет страни, која е утврдена во членот 19 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри. 

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа