18 Мај, 2024
0.0297

Можно ли е одложување на прогресивниот данок?

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Можно ли е одложување на примената на новиот модел на оданочување кај данокот на личен доход или прогресивниот данок ќе почне да се пресметува од први јануари како што најавува и Владата? Буџетот за следната година не е усвоен, но роковите се кратки, а бизнис заедницата, иако не многу гласно, вчера преку коморите побара одложување на примената на реформата. Нивните аргументи се дека новиот Закон се предлага на помалку од два месеца од крајот на оваа година, а за дебата има уште помалку време затоа што има процедура и за носење на буџетот за в година. Бизнисмените бараат широки консултации за темата, а тврдат дека е тешко да се прилагодат затоа што плановите за компаниите ги прават однапред за повеќе години.

Во Стопанската комора вчера имаше вонреден состанок на Управниот одбор на кој присуствуваше и министерот за финансии Драган Тевдовски. По средбата известија дека најдобар начин да се обезбедат повеќе средства во буџетот е да се направи рационализација на трошоците на државата, особено на јавната администрација. Остануваат на ставот решението да се пролонгира.

„Искуствата покажуваат дека системски промени од ваков вид треба да бидат најавени и усвоени многу претходно во текот на календарската година, во партнерски однос, преку усогласување со најзначајниот партнер од деловниот сектор, како би можеле субјектите навремено да го усогласат своето работење. Во конкретниот случај, предложената даночна реформа е презентирана на почетокот на месец ноември, на помалку од 60 дена до започнувањето на новата фискална и даночна година, во време кога голем број од деловните субјекти веќе ги имаат утврдено финансиските планови за следната година, што има сериозни импликации врз предвидливоста и стабилноста на деловното опкружување, соопштија од Стопанска комора.

Велат дека во периодот кој ќе следи, ако реформата биде одложена ќе треба да се спроведат широки консултации со сите засегнати страни.

Сличен став соопшти и претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска

„Брзи промени на закони без анализи и конструктивни јавни расправи, чија примена е најавена за 2019 година претставува дополнителна правна несигурност, бидејќи компаниите веќе ги имаат предвидено буџетите за следните години и овие промени може да резултираат со воздржување од нови проекти како и со даночна евазија бидејќи конкуренцијата од сивата економија е постојан притисок за опстојување на компаниите, вели Арсовска.

Тврди дека бизнисмените реагираат и за останатите измени кои се најавени т.е даноците на каматите на штедните влогови, на хонорарите по основа на договор на дело, даноците на осигурувањето и на капиталните добивки, како дивидендите и трансакциите при тргување со хартии од вредност.

Сепак премиерот Зоран Заев вчера изјави дека нема да отстапи од овој предлог, а сличен став имаше и министерот Тевдовски, кој сепак изјави дека буџетот не е усвоен така што не е усвоен и новиот закон за данок на личен доход..

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра